• Latest
Насер Селмани

Апелација ја потврди пресудата против Насер Селмани: Аларм за слободата на изразување

February 16, 2026
Кога е допрена УЧК, сите се креваме! - Косово, 16 септември 2026

Момент на вистината: Хаг го осуди Хашим Тачи на 25 години

September 16, 2026
Хаг, Холандија, наутро, 16 септември 2026

Хаг ја изрекува пресудата за лидерите на ОВК: Косово во напнато исчекување

September 16, 2026

Кога граѓанинот стана непријател на демократијата?

September 16, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Демократија или право на самоволие?

September 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонски поглед кон телевизијата, интернетот и демократијата

September 16, 2026
Роџер Касале

Демократијата мора да биде нешто што го правиме

September 15, 2026
Проф. д-р Ана Чупеска

За да се испорача демократијата, мора да го заштитиме правото на вистина!

September 15, 2026
Бранко Тричковски

Нема човеци за демократија, ниту демократија за човечките деформитети

September 15, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Циркус за нула денари и затруена вода: Како демократијата стана депонија за гласови

September 15, 2026
A group of protesters raise their fists in the air. The concept embodies unity, strength, and the fight for justice. Generative AI.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е отворена за авторски текстови и видеопораки за демократијата

September 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Апелација ја потврди пресудата против Насер Селмани: Аларм за слободата на изразување

Овој случај отвора сериозни прашања за слободата на говорот, притисоците врз новинарите и можната злоупотреба на тужби за замолчување на критички гласови.

February 16, 2026 17:13
in МЕДИУМИ, ПРАВДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Насер Селмани

Насер Селмани

Share on FacebookShare on Twitter

Mинатата недела Апелацискиот суд во Скопје ја потврди пресудата на Граѓанскиот суд во Скопје, со која сум осуден за клевета и навреда, објави долгогодишниот новинар и уредник Насер Селмани, поранешен претседател на ЗНМ.

„Судот смета дека јас сум клеветел една национална телевизија и нејзиниот директор затоа што на суд не сум докажал дека ‘медиумите сè уште се контролирани од партиите и владата’ и дека ‘директорот на телевизијата врши притисок врз новинарите’“, се вели во објавата.

Селмани потсетува дека истиот директор во 2023 година „пред целата македонска јавност се вмеша во дебатна емисија на новинар, прво се обиде да го избрка гостинот, а потоа му нареди на новинарот да ја прекине емисијата“. (повеќе детали на ЦИВИЛ МЕДИА, н.з.)

Судот не досуди штета, но го обврза да плати адвокатски трошоци на тужителите и да им објави дел од пресудата во еден дневен весник, информира Селмани.

„Ова информација ја споделувам со Вас не дека јас лично сум засегнат, туку дека оваа пресуда може да има несогледливи последици врз слободата на говорот во Северна Македонија ако не се реагира навремено“, предупреди Селмани.

Тој вели дека е „жално што судот уважи тужба, која ако доследно се почитуваше Законот и судската пракса од Европскиот суд во Стразбур мораше да падне“ и сподели детали за третманот на ваквите тужби во европското правосудство.

Имено, овие тужби во принцип судот треба да ги отфрли затоа што се користат како средство за вознемирување, ограничување или казнување на слободното изразување на теми од јавен интерес. Нивната цел е да малтретираат, заплашуваат и замолчуваат критични гласови во општеството и да предизвикаат „ефект на одвраќање“ од јавна дебата.

Препознавајќи го проблемот, Советот на Европа во 2024 година донесе Препорака CM/Rec(2024)2, за борба против употребата на стратешки тужби против јавното учество (SLAPPs).

Во ова препорака, Советот на Европа ги потсетува земјите членки на обврската да овозможат безбедно и поволно опкружување за учество во јавна дебата за секого, без страв, дури и кога нивните мислења се спротивни на оние кои ги бранат официјалните власти или значајни делови од јавноста.

Препораката потенцира дека слободните избори, слободата на изразување, посебно слободната политичка дебата, заедно претставуваат столб на секој демократски систем и дека соодветно има мал обем на ограничувања на политичкото изразување или дебата по прашања од јавен интерес.

„Ги повикувам новинарските здруженија, ЗНМ, Синдикатот на новинари, СЕЕМ и други невладини организации кои се занимаваат со заштита и промоција на слободата на медиумите, внимателно да ги следат и да реагираат соодветно на ваквите опасни обиди за ограничување на слободата на говорот“, стои во јавната објава на новинарот Насер Селмани.

Исто така, Селмани ги повика Делегацијата на Европската унија во Скопје, амбасадите на САД, Германија, Франција и на Велика Британија, да ги известат нивните влади за оваа негативна судска пракса која се воспоставува во Северна Македонија, која сериозно ја ограничува слободата на говорот во земја членка на НАТО и кандидат за ЕУ.

Тужбата против Насер Селмани ја поднесе ТВ Канал 5 и нејзиниот директор Иван Мирчевски за став што го изнесе во панел дискусија во студиото при медиумската платформа на ЦИВИЛ во ноември 2023 година. Селмани тогаш кажа дека не е зачуден од инцидентот во Канал 5.

„Инцидентот во Канал 5 не ме чуди, медиумскиот простор сѐ уште служи како огласна табла на партиите“, изјави тогаш Селмани за ЦИВИЛ МЕДИА.

Претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода и главен уредник на ЦИВИЛ МЕДИА, Џабир Дерала, на социјалните мрежи, во одговор на објавата на Насер Селмани, ја изрази својата целосна поддршка за колегата. Тој потсети дека изјавата за која судот пресуди, а Апелација ја потврди пресудата против Селмани, е дадена во студиото на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

„Тоа не беше ништо друго освен јасно искажан личен став и вредносен суд. За тоа си казнет. За твојата отвореност, искреност, храброст и прецизност!“ – напиша Дерала.

Тој го покани повторно пред камерите на ЦИВИЛ МЕДИА да разговараат за овој и други примери за притисоци против слободата на изразувањето.

„Не мора секогаш тоа да биде премиерот и министерот за внатрешни работи. Некогаш таа задача ја спроведуваат и новинари, уредници и директори во медиумите. Тоа е тоа“, ја завршува Дерала својата објава на социјалните мрежи.

Судскиот процес против Селмани траеше нешто повеќе од две години. За клевета и навреда, истата телевизија и нејзиниот директор го тужеа и Џабир Дерала поради напишана колумна во која реагираше на упадот на директорот во програмата на телевизијата и бркањето на гостинот од студиото. Со тужби се закани и на повеќе други новинари, вклучително и на член на редакцијата на ЦИВИЛ МЕДИА. Своевремено, инцидентот во студиото на Канал 5 го осуди и АВМУ.

М. Д.

 

Tags: АпелацијаКанал 5Насер Селманислобода на изразување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ