Објава на страницата Occupy Democrats на Facebook со наслов „BREAKING: FIRST PHOTOS OF TRUMP’S NEGOTIATIONS WITH IRAN LEAK“ привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Во објавата се споделуваат фотографии кои, според описот, прикажуваат „протечени“ сцени од наводни преговори меѓу поранешниот американски претседател Доналд Трамп и Иран. Тој е прикажан како разговара со сопствениот одраз во огледало.
Објавата брзо се прошири меѓу корисниците, со бројни реакции, коментари и споделувања. За помалку од 48 часа, објавата стана вирална, со 221.000 реакции, 9.400 коментари и 27.000 споделувања.
Како бонус, на оваа објава ја додаваме и објавата во која се гледа Трамп покрај склопени чадори и текст:
„Изгледаа како Иранци.“
Безбедносните снимки го прикажуваат Трамп како преговара со чадорите во дворот на Белата Куќа шест часа.
И оваа објава доби голема видливост, до моментот кога се подготвува прилогот, има 77.000 реакции, 2.300 коментари и 13.000 споделувања.
М. Д.














































