• Latest

ЦИВИЛ ги додели наградите за најдобри стории на граѓански новинар(к)и

May 31, 2017
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ЦИВИЛ ги додели наградите за најдобри стории на граѓански новинар(к)и

May 31, 2017 14:46
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанската новинарка, студентката Росица Стојкова од Лозово  е добитник на првата награда за најдобра граѓанска сторија „Не пропуштаат возило на Брза помош“ во наградниот конкурс „Биди граѓански новинар“, дел од проектот „Граѓански објектив“. Видеото за прилогот, Стојкова го снимила на 27 април („Крвавиот четврток“), за време на насилствата во Собранието.

Жири-комисијата на ЦИВИЛ во состав: Биљана Јордановска, Маја Ивановска и Ермин Климента, за двомесечниот награден циклус додели уште четири награди.

„Борбата за чист воздух е вистинска војна!“ е второнаградената сторија чиј автор е граѓанскиот новинар, Вулнет Махмути. Тој сторијата ја снимил во Градскиот парк во Скопје, за време на граѓански протест против аерозагадувањето.

Третонаградената сторија доаѓа од Прилеп од протестите на „За заедничка Македонија“, каде во редот на граѓаните се забележуваат и товарни камиони со мермерни блокови. Граѓанскиот новинар Рубин Секулоски е автор на наградената сторија: Камиони со мермерни блокови на протести во Прилеп.

Во овој награден циклус што го опфаќа периодот април-мај 2017, оценувачката комисија додели уште две четврти награди, а авторите одлучија да останат анонимни.

Сторијата „Работа на празник, „надница“ за делник!“ обработува тема од сферата на работничките права во рамки на една конфекција, поточно притисоците и злоупотребите коишто текстилците ги трпат како надничари. Во име на анонимниот автор на сторијата, наградата ја прими Кристина Ампева од НВО „Гласен текстилец“.

„Се распаѓа фасадата на Музејот од НОБ во Крушево“ е наградена сторија посветена на негрижата за културно-историското наследство во овој град. Музејот на НОБ, според граѓанскиот новинар кој реши да остане анонимен, е оставен на забот на времето и не е отворен за посети.

Наградите на граѓанските новинар(к) им ги врачи Марија Теговска, дел од екипата на ЦИВИЛ.

Авторите на сите наградени стории се граѓански новинарки и новинари, кои што учествувале на семинарите и работилниците што ЦИВИЛ ги спроведува во текот на изминативе две години, реализирајќи го проектот „Граѓански објектив“.

„Од граѓанските новинарки и новинари никој не бара перфекција, извонредна снимка или фотографија, текст… Најважна е желбата да се направи нешто, да се реагира во вистински момент и секако најзначајно е испраќањето на прилогот навреме во ЦИВИЛ. Проектот ‘Граѓански објектив’ ќе продолжи и затоа ги повикувам граѓанките и граѓаните да аплицираат и да бидат дел од оваа извонредна акција, од овој проект“, порача Синиша Станковиќ, уредникот на ЦИВИЛ Медиа и еден од предавачите на едукативните семинари и работилници.

Проектот „Граѓански објектив“ ги следи најактуелните настани и процеси во земјата и наградува најуспешни прилози на граѓанските новинарки и новинари.

Кршењето на работничките права, неисполнетите ветувања на носителите на власта, злоупотреби и еколошки теми се дел од она, за што известуваа граѓанските новинарки и новинари во изминатиот период.

ЦИВИЛ ги охрабрува граѓанките и граѓаните да бидат активни чинители во општествените промени и во надминувањето на медиумскиот мрак, за заеднички да придонесеме кон подобрување на ситуацијата и кон општествените промени.

Проектот е посветен на промовирање одговорни и транспарентни политички процеси во Република Македонија, преку обуки за граѓанско новинарство, медиумска продукција и јакнење на јавната свест.

Веќе втора година, проектот го финансира National Endowment for Democracy.

Граѓанските новинарки и новинари и понатаму можат да испраќаат прилози до ЦИВИЛ на онлајн формуларот на веб- страницата Граѓански објектив.

Tags: National Endowment for Democracyаерозагадувањеграѓански новинр(к)иГраѓански објективКрушевоПрилепСобраниеЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ