• Latest

Растат температурите и во Кривичниот суд!

June 30, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Растат температурите и во Кривичниот суд!

June 30, 2017 09:40
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кривичниот суд за 24 часа треба да реши по барањата за определување на мерки за претпазливост и притвор за сите обвиненија на Специјалното јавно обвинителство.

Јавноста е во исчекување – дали ќе има притвор за десетина функционери на ВМРО ДПМНЕ или повторно, како што беше случајот досега, ќе бидат ослободени и пуштени да се бранат од слобода.

Судиите кои ќе решаваат по предметите од СЈО се Лидија Петровска, за случаите „Тврдина 2“, со првоосомничениот Горан Грујовски и „Транспортер“, во кој првоосомничен е Владимир Талевски, Татјана Михајлова, за случајот „Шамари во Центар“, во кој се обвинети Никола Груевски, Миле Јанакиевски и Даниела Рангелова, Горан Бошевски ги презеде обвиненијата за случаите „Трезор“ и „Тенк“, Верка Петковска за случајот „Титаник 2“ и Ленка Давитковска – го доби обвинението за „Топлик“. Посебно е интересен случајот со судијката Моника Бахчовановска на која компјутерот ѝопределил да ги води обвиненијата за дури пет случаи „Тотал“, „Тревник“, „Тифани“ во кој се обвинети Драган Павловиќ и Ивона Талевска, „Титаник“, во кој е обвинето раководството на ВМРО ДПМНЕ за изборни злоупотреби и „Тортура“, во кој е обвинет Сашо Мијалков и припадници на „Алфите“ за апсењето на Љубе Бошковски и негово измачување, а ниту еден друг предмет не бил распореден кај било кој од над 20 судии на одделот за кривично полнолетни лица.

Сите обвиненија на Специјалното јавно обвинителство се примени во судот вчера. На една од судијките кај која беа распоредени неколку предмети ѝ се слошило и неофицијално побарала да биде изземена од постапувањето поради краткиот рок за одлучување. Барање за изземање поднела и судијката, Софија Лаличиќ која го доби епитетот „сваровски“, по снимките од разговорот со ексдирекорот на УБК, Сашо Мијалков.

По вчерашната прес-конференција на Никола Груевски, на која истакна дека се води политички, а не правен процес против ВМРО – ДПМНЕ и се закани дека нивната „конструктивност завршува денес“, симпатизери на оваа партија ја блокираа улицата пред Основниот суд Скопје 1.

На прес-конферецијата на СЈО, вчера, обвинителката Катица Јанева изјави дека се поднесени 17 обвиненија за 18 предмети. СЈО бара притвор за десетина функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но и за еден пратеник на ДУИ, обвинет во „Титаник“.

Со обвиненија се опфатени 94 лица и 7 фирми. Обвинетите во овие предмети се товарат за над 20 различни кривични дела, вклучувајќи и злосторничко здружување, даночно затајување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, повреда на избирачкото право и уништување на изборен материјал.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Катица ЈаневаКривичен Судмерки за претпазливостНикола ГруевскиобвиненијаодлукипритворСашо МијалковСЈОСофија Лаличиќсудии
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result