• Latest
Добро утро со Орданоски

За гранката на која заедно седиме

September 13, 2017

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

За гранката на која заедно седиме

September 13, 2017 08:36
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

Интелектуалец се станува со три факултети: на дедо ти, на татко ти и твојот.

Знам дека ова е една политички некоректна, мачо-досетка (бидејќи и бабите и мајките можат да имаат факултетско образование), но поентата е дека се потребни неколку генерации за да се постигне одредено ниво на образовен, културен и интелектуален интегритет којшто, кога е во доволни општествени количества, би се „прелеал“ во некаков вид на критичка, ангажирана демократска јавност. Да не бидам погрешно сфатен: да се биде интелектуалец (односно, да се има факултетска диплома, за почеток!) не е никаква гаранција дека некој ќе биде добар човек и доблесен член на општеството – познавам безброј прекрасни луѓе без формирано високо образование – но, природна е таа родителска, па и општествената амбиција на помладите генерации да им се овозможи таков образовен успех што, можеби, ќе им го олесни професионалниот и општествениот статус во животот. Да речеме.

Зборот ми е, сферата на образованието, особено високото, доаѓа како „крем“ во развојот на општеството и тоа не може да се постигне на помасовно ниво со просто прерипнување на некои претходни, а неопходни услови, какви што се општиот социјален и економски развој на државата. Да не правам дигресии со социо-инженерските проекти на претходната власт, која се занесуваше со идејата за сто-настотно запишување на средношколците во Македонија на факултет или со отворањето на десетици дисперзирани студии низ македонските паланки, за да се создаде гласачка партиска клиентела и на илјадници да им се овозможат – знаеме на кој сè начин – формални квалификации за работа во државната администрација. Од последиците од ваквите политики долго ќе се опоравуваме.

Но, мене друга ми е намерата: да ги потсетам главно Македонците, етничките, дека Македонија оствари „светлосен скок“ во шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век благодарејќи ѝ на југословенската комунистичка стратегија за асиметричен развој на неразвиените подрачја во бившата југословенска федерација, кога северните југословенски републики се согласија диспропорционално да се дели југословенскиот буџет (парите! – за што подоцна се основа и сојузен Фонд за неразвиени подрачја, ФНП), за јужните делови од државата Југославија да добијат побрза шанса за сопствен развој, за доброто на сејугословенскиот општествен просперитет. И така бидна! Како мислите дека Македонија по Втората светска војна, од една рурална, заостаната и, што велат, од Бога заборавена земја, доби пристојни патишта, здравство, образовен систем, земјоделие… Објективно, за неколку децении рипнавме стотина години заостаток.

Слична е идејата која е во основата на денешното политичко барање на етничкиот албански фактор во Македонија – да, содржана и во „Тиранската платформа“ – државниот буџет да почне да се дистрибуира со поголемо чувство на целата општествена заедница (читај: Македонците) за редистрибуција на заедничките пари кон средините во кои живее мнозинство од етнички Албанци. Добро, не велам дека во тие барања нема и нестрпливост и претерувања – ми вели еден пријател, Албанец: „Моиве немаат поим какви се патиштата или мрежите за водовод и канализација низ Источна Македонија, мислат дека таму којзнае колку подобро се живее отколку во Западна Македонија!“ – но простор за корекции има, и тоа не само по етничко-географска основа, туку со едно генерално преиспитување на урбано-руралната или социјалната мапа на Македонија. Па, мислам, срамота е што во 2017 година главна вест низ домашните медиуми е фактот што во Шутка почнал да работи гинеколог!

Затоа и го поддржувам Кочо Анѓушев кога, во името на целата Влада, пред некој ден зборуваше дека тие проблеми на нерамномерен развој во државата оваа власт мора да ги адресира и да предложи решенија. Во тоа да се бараат некакви „скриени“ политички агенди, значи да си ја сечеме гранката на која сите заедно седиме.

Само, штета е што оваа важна тема се поклопува со разни други предизборни националистички манипулациии – од становите за бегалците, до тоа дека во Берово сите ќе зборувале албански – па не може да го добие заслуженото внимание и смиреност со која треба да се расправа.


Преземање на оваа содржина е дозволена само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.
Tags: АлбанциинфраструктураЈугославијаКочо АнѓушевМакедонциобразованиеплатформаразвојсоцијалатиранска платформаШутка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ