• Latest
Добро утро со Орданоски

„Салто мортале“ на Јово Вангеловски

September 14, 2017
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

„Салто мортале“ на Јово Вангеловски

September 14, 2017 08:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]З[/dropcap]анимлива е стратегијата на претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски за избегнување на сопствената одговорност за сомневањата за тешки злоупотреби во судството во корист на најразлични криминали кои се одвиваа во Македонија во последните десетина години, а кои само кулминираат со внатрешната судска постапка на Судскиот совет за утврдување на одговорноста кај судиите кои им овозможија на двајца клучни обвинети за нелегалните прислушувања на време да се дадат во бегство и, сè уште, да бидат недостапни за правдата. Вангелов, имено, со употреба на внатрешното обезбедување, им го попречил влезот на членовите на Судскиот совет во зградата на Врховниот суд… Многу јако! Предлагам следниот пат, во врвен правнички манир, да ја зашвајцува вратата од Судот, а кога и таа барикада ќе се надмине со помош на бонсек, нека проба очајнички да се заклучи во тоалетите на зградата и од таму да не излегува до промената на власта во Македонија, ако и кога ќе ја има.

Така, и Вангеловски дефинитивно се овери на подолгиот, срамен список на разно-разните правни „приврзоци“ на Фамилијата, од типот на лустраторот Томе Аџиев (еј, тој да не мисли дека е заборавен?!), поранешниот претседател на Кривичен, Владимир Панчевски, или оној прочуен лик од Советот на јавни обвинители, Петар Аневски, чии правни „салта мортала“ ќе мора да се изучуваат како задолжителна содржина во курикулумите на правните факултети, како илустрација за тоа колку е важен професионалниот и личниот интегритет на лицата кои се поставени да го сочинуваат кадровскиот ’рбет во правната држава, за државата навистина да биде правна.

Патем, ако до вчера можеби и се сомневав во вклученоста на Вангеловски во подготовката и изведбата на операцијата за бегството на двајцата осомничени началници од УБК во предметите на СЈО „Таргет“ и „Тврдина“, сега тие сомнежи кај мене се многу намалени. Тоа Вангелов го имплицира во многу непријатен кривично-правен контекст, бидејќи токму овие две истраги на СЈО се во суштината на големите злоупотреби правени преку тајната полиција и политиката на ВМРО-ДПМНЕ. Не знам дали избеганиве негде веќе и не се ликвидирани, но знам дека тоа би им одговарало на една дузина функционери од бившата власт за да си ја спасат сопствената кожа. Ако расплетот добие таков трагичен тек, тогаш Јово Вангеловски треба добро да размисли за своите идни постапки, бидејќи Ѓаволот одамна ја однел шегата во расчистувањето на валканиците на бившата власт.

Имено, најголемиот дел од јавноста искрено се надева дека сегашниот смален профил на СЈО е само последица на политичкото интермецо со претстојните локални избори и дека разглобувањето на криминалната корпорација на Фамилијата ќе продолжи со несмалено темпо веќе во ноември годинава. Оти, во спротивно, ќе се испостави дека криминалот во Македонија сѐ уште се исплатува, што би било катастрофална препорака и за сегашната власт.


Преземање на оваа содржина е дозволена само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.
Tags: Владимир ПанчевскиВМРО-ДПМНЕЈово ВангеловскиПетар АневскиСЈОСовет на јавни обвинителиСудски советсудствоТаргетТврдинаТоме АџиевУБКфамилија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ