• Latest
Добро утро со Орданоски

Груевски до Шиптарите: не излегувајте на гласање!

September 25, 2017
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Груевски до Шиптарите: не излегувајте на гласање!

September 25, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Р[/dropcap]астрчаноста на Груевски последнава недела по медиуми на албански јазик, за да им каже на нашите сограѓани Албанци колку ги почитува и колку се грижел за нив, мене ми говори дека и податоците од истражувањата на јавното мнение што интерно ги прави ВМРО-ДПМНЕ – наспроти глупостите што ги објавуваат од некакви павелшатевски институти – сигурно им покажуваат дека коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ, таму каде што ќе ја направат, на овие локални избори уште во првиот круг ќе им пресуди на вмровските кандидати во етнички мешаните гласачки средини, а дека во оние места каде нема бројно албанско население, нивните изброени гласови сепак ќе отидат на контото на СДСМ.

ДПМНЕ се наоѓа во една класична политички шизофрена ситуација: пред своите етнички македонски гласачи, Албанците ги третира како Шиптари; а кога, предизборно, се обраќа до Албанците – како тие да живеат во некоја друга, изолирана јавност, со затнати уши и покриени очи за тоа кој, како и што зборува и прави за нив – сака да се прикаже како толерантна и прагматична партија за која, ете, не мора да се гласа, но барем да се воздржат од гласањето за СДСМ!

Груевски мисли дека ако тоа убаво, бавно, им го објасни на албанските телевизиски гледачи, тие правилно ќе сфатат дека нема ништо антиалбанско кај него и неговата партија во тоа што СДСМ на Македонците им го прикажува како етнички предавничка формација; што на изборите кандидира и такви ликови како хашкиот осуденик и воен злосторник Јохан Тарчуловски; што измените на Законот за јазиците го претставува како суден ден за македонизмот; што опасноста од мигрантите постојано ја блендира со тивка хистерија против муслиманите и сл.

Не знам што очекува Груевски од Албанците? Можеби треба да се обиде уште поспоро да им објаснува, како на интелектуално попречени лица во политичкиот развој, па така навистина некој од нив да му поверува? … Ј-а-а-а-с с-у-у-м Г-руе-е-е-в-ски и м-н-о-о-о-г-у ц-е-е-н-а-а-м Албан-ц-и-и-и…

ВМРО си е класична македонска националистичка партија – и во старата и во „новата ера“ – и во тоа не би требало да има ништо спорно. Што и да значи тоа за нивните разно-разни конзервативни, демохристијански или којзнае какви други вредносни и идеолошки определби, таму за едно никогаш немало големи дилеми – дека на Шиптарите се гледа како на „нужно зло“ на Балканот и дека за нив во Македонија секогаш ќе преферираат второкласен, а не рамноправен статус со Македонците. Тоа е тоа. За тоа ВМРО си добива одредена поддршка од Македонците, некогаш поголема, некогаш помала, зависно и од тоа колку крадат кога се на власт. Минатиот пат ептен многу претераа, па сега се во опозиција.

Според тоа, нема намера Грујо да убеди ниту еден Албанец да гласа за ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори. Тој само сака што повеќе да ги анестезира, да ги замелуши, да ги пасивизира, за што помалку од нив да излезат на гласање. Кога се Албанците во прашање, на Груевски ИЗЛЕЗНОСТА му е проблем, ништо повеќе и ништо помалку.

На локалните избори на потез ќе бидат албанските гласачи. За каква (локална) Македонија тие ќе одлучат да гласаат или, воопшто, да не гласаат.

 


 

Преземање на оваа содржина е дозволена само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АлбанциВМРО-ДПМНЕвоен злосторникГруевскиизлезностМакедонцинационализамСДСМТарчуловскиШиптари
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ