• Latest

Апсолутната власт на Заев

October 30, 2017

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Апсолутната власт на Заев

October 30, 2017 17:17
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Зоран Заев освои апсолутна власт во Македонија. Барем навидум. Доминацијата на СДСМ во локалната власт е речиси еднаква со онаа на ВМРО-ДПМНЕ до вчера. Но, апсолутната власт сѐ уште е далеку од дофатот на најмоќната политичка фигура во Македонија. За среќа или не, зависи од која страна гледате. Лично, би сакал да верувам дека апсолутната моќ на било кој политичар или политичка структура во оваа земја е невозможна засекогаш. И ќе се вложам себе си, тоа така и да остане. Оваа земја сега има охрабрени и ослободени граѓанки и граѓани. Тоа е гаранција за демократија и слобода. Заслугите за тоа се јасни и очигледни, но не е потребно да ги потенцираме посебно, да не се навредат „првоборците“.

Пишува: Џабир Дерала

Зошто Заев, сепак, нема апсолутна власт?

Мнозинството во парламентот кое го води е далеку помало отколку монолитните парламентарни мнозинства кои ги водеше Груевски. Дел од самата коалиција, предводена од Заев, е составена од луѓе кои имаат личен интегритет, а дел од нив се и предводници на Шарената револуција. Тоа не се безгласните послушници на Груевски, туку се луѓе кои имаат свои ставови и, се надевам, ќе имаат храброст да се спротивстават на погрешните предлози или потези на владата на Заев.

Послушниот албанскиот партнер во власта на Груевски, неминовно, стана дел и од новата власт. Преполовен. Заев мораше да прави нови калкулации и комбинации со фрагментираниот албански политички кампус. Значи, не е тоа веќе монолитниот, криминализиран и послушнички апаратус на Ахмети, туку е една динамичен и непредвидлив политички конгломерат. Се разбира, тука се и сончоглед-политичарите во кои човек не би требало да има бескрајна доверба и на чии демократски капацитети не би требало да смета. Тоа се оние што се вртат во правец на моќта и парите, а не кон идеите и програмите кои го водат општеството напред. Такви Заев има поприлично во својот победнички шатор.

Конечно, овие избори донесоа и поголем број независни кандидатски листи. За жал, во неправедниот изборен систем кој го имаме, тие не постигнаа поголеми успеси на овие избори, иако некои од нив тоа го заслужуваат. Тоа, уште повеќе, е последица на националниот карактер на локалните избори, кога политичките лидери и претставниците на власта од сите страни и бои, тргнаа во војна со зборови и големите теми ги трошеа за освојување на малите, но подеднакво важни, локални фотелји.

Силината и бескрупулозноста со која се бореа политичките партии за локална власт, само уште еднаш ја покажаа важноста на локалната демократија. И уште еднаш покажаа дека централните раководства и централната власт сака да ја контролира локалната, а со тоа и да ги држи вратите за граѓанско учество во носењето одлуки, (под)затворена за „обичниот“ човек. Тука се новите, помали, но суштински битки за граѓанките и граѓаните!

Локалните избори секако ја зацврстија моќта на Заев. Но, сите партии, повеќе и помалку, нанесоа и големи штети. Изборите повторно беа воена зона. Во поединечните битки против лутите противници, партиите си нанесоа штети и самите на себе, но и на општеството.

Заев мораше да му помогне на својот партнер Ахмети, за да ја задржи или зацврсти моќта во власта. Но, Ахмети профитира далеку повеќе во оваа мачна и валкана игра. Паднаа тешки зборови на сите страни. Како ќе се пеглаат длабоките разлики во наредниот период останува да се види. Веројатно, ќе мора да се дадат уште ветувања, директорски и други позиции, лево и десно, што дополнително ќе предизвика сомнежи, а секако ќе го оптовари и буџетот.

Поразениот Груевски се дотепа самиот. Со него веќе нема што да се занимаваме. Да се надеваме дека сега, имајќи власт која на многумина можеби им изгледа како апсолутна, Заев и неговата влада ќе им овозможат на институциите да се занимаваат со овој лик на соодветен начин – да ги процесираат сите предмети за тешките криминали.

Со овие избори, Заев и неговата влада ги исцрпија сите оправдувања за пропусти, бавни промени или пасивност во спроведување на долго очекуваната правда и целосно демократизирање на земјата. Сега е ред да се започне, конечно, со сериозна работа за обнова на земјата разорена од мрачните години на режимот.

 


објавено во Плусинфо и во Слободен печат (31/10/2017)

Tags: Али Ахметиапсолутна властЗоран ЗаевизборикриминалНикола ГруевскиСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ