• Latest

Јеремиќ бара истрага за поврзаноста на Мијалков со валкана приватизација во Србија

December 1, 2017

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Јеремиќ бара истрага за поврзаноста на Мијалков со валкана приватизација во Србија

December 1, 2017 22:00
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот српски министер за надворешни работи и лидер на опозициската Народна партија, Вук Јеремиќ денеска ги повика истражните органи во Србија да ги испитаат врските меѓу поранешната македонска Влада и директорот на фирмата СЦМГ, што ја купи фабриката „14 Октомври“ од Крушевац. 

Јеремиќ во изјава за белградската „ТВ Наша“ наведе дека не се точни тврдењата на владејачката Српската напредна партија (СНС) дека е најден стратешки партнер за „14 Октомври“, што беше во стечај од јануари 2016 година кога компанијата беше проценета на околу 48 милиони евра, туку дека чешката компанија „Чехословак груп“ во октомври годинава преку белградската фирма СЦМГ ја купила само централата на фирмата во Крушевац за четири милиони евра, и тоа со директен договор, без јавна лицитација.

„Само е зграбен имотот, а отпуштените работници не се вратени на работа“ – нагласи Јеремиќ.

Тој посочи дека според српските закони, дирекните договори за купопродажба се дозволени само во „специјални случаи“, а „специјално во овој случај е тоа што годинава во Македонија е соборен диктаторскиот и длабоко корумпираниот режим на Никола Груевски, политичкиот брат близнак на српскиот претседател Александар Вучиќ“.

„Тие се луѓе од тој режим, а пред сите е Сашо Мијалков, поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање и „десната рака“ на Груевски, кои почнаа панично да извлекуваат пари стекнати со коруптивни активности во Македонија и да ги пласираат во разни шеми, преку даночните оази, Холандија, а во случајот со „14 Октомври“, преку Чешка“ – нагласи Јеремиќ.

Тој наведе дека во Македонија се ближи крајот на истрагата за Мијалков и другите лидери од поранешните македонски власти и ги повика српските истражни органи да го испитаат и случајот за „14 Октомври“.

Како „иновативен пример за излекување пари од државни средства со елементи на стечај“, Јеремиќ го наведе префрлувањето на средства од белградско училиште, преку фирмата „Контики“ за потребите на спортски клуб близок до еден сегашен српски министер.

Јеремиќ го повика тој српски министер да поднесе остаква, а истражни органи да го испитаат целиот случај.

Поранешниот шеф на српската дипломатија потенцираше дека имаа копии од договорите меѓу „Контики“ и белградското училиште и „Контики“ и спортскиот клуб.

Во однос на претстојните локални избори во Белград, Јеремиќ ги повика сите опозициски партии да се здружат „за да го турнат сегашниот српски режим“.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: 14 ОктомвриВук ЈеремиќистрагакриминалМакедонијаНикола ГруевскиприватизацијаСашо МијалковСрбија
Share273TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ