• Latest
Добро утро со Орданоски

Солун е наш… центар за пријателство

February 9, 2018
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Солун е наш… центар за пријателство

February 9, 2018 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]З[/dropcap]а пред 55 години, во ова време (на 22 јануари 1963 година), Франција и Германија да го потпишат историскиот Договор за пријателство и соработка, на францускиот претседател Шарл Де Гол и на германскиот канцелар Конрад Аденауер им требаа неколку години подготовки, бидејќи зад себе требаше да остават компликувана историја од вековни војни и милиони жртви на двете страни. За тоа време на подготовките се сретнаа 15 пати, заедно поминаа разговори од вкупно над 100 часови, разменија и 40 писма, што се денеска дел од историјата на тие две земји. Во јули 1962 година, на 6-7 месеци пред потпишувањето на договорот, одржаа заедничка воена парада во францускиот град Ремс, 160 километри северо-источно од Париз, во регионот на Шампања-Ардени, чествувајќи ги илјадниците жртви на двете страни во Првата светска војна. По парадата, двајцата државници отидоа на заедничка молитва во ремската Нотр Дам катедрала – а токму на таа катедрала германската војска за време на Втората светска војна потроши 300 авионски бомби и топовски гранати за да ја срамни со земја, и не успеа!

Договорот за пријателство и соработка во надворешните работи, културата и меѓу младините на двете земји, се потпиша следниот јануари, 1963 година, под кристалните лустери во Мурат салонот на Елисејската палата во Париз. И во двете земји имаше големи отпори на таквата политика на Де Гол и Аденауер. Тие, сепак, гледаа многу подалеку во иднината од многумина други.

Кога, пак, се прославуваше 40-годишнината од договорот, во 2003 година, целиот состав на германскиот парламент замина во Франција за таму, со своите француски колеги, во Версајската палата, да одржат свечена заедничка седница во чест на француско-германското пријателство и соработка. Замислете: во истиот тој Версај, во Салата со огледала, каде Германците во 1871 година, по пруската победа над Напалеон Трети, го прогласија формирањето на Германското царство; и каде во 1919 година ја потпишаа својата капитулација под тешките услови на Версајскиот договор.

Ете, така изгледа тоа се двете земји во чија заедничка историја течат реки со крв, но кои во последните пет-шеесет години се столбот на европската стабилност, безбедност и соработка. Денеска имаат и заедничка армиска бригада, покрај сојузништвото во НАТО, за заеднички операции, кога и ако треба. Денеска Макрон и Меркел се чини дека се цврсто решени да ја продолжат мисијата на великаните на европската политика, Аденауер и Де Гол, уште повеќе заради Брегзит, Трамп, Путин, бегалците и мигрантите, заради Ердоган и растечките крајни десници и во Франција и во Германија. Итн.

Тие две земји успеаја во својот грандиозен проект за пријателство, меѓу другото, и заради тоа што вложија многу во контактите, дружењата и меѓусебните запознавања на младите генерации. Отворија меѓудржавни канцеларии за француско-германска соработка на младите – во последните педесет години низ нивните проекти поминаа стотици илјади и милиони млади од двете земји кои денеска се најсилниот човечки материјал на најважното европско стратегиско партнерство.

Да не должам многу: во рамките на мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција, предлагам во престолнината на балканскиот подрегион Македонија, Солун, двете држави да отворат канцеларија за соработка меѓу грчката и македонската младина. Македонците, особено помладите, за Грција знаат само гиро, плажа и шопинг; Грците, особено помладите, за Македонија не знаат ништо, односно малку од пограничната коцка по гевгелиските казина и евтиното поправање заби по гевгелиските дентист-клиники. Ах, да, и прилична доза на национализам и на двете страни.

Каква е тоа основа за градење пријателство меѓу двете земји?

Предлагам на отворањето на таа грчко-македонска Канцеларија за меѓудржавни младински програми за соработка – од областа на образованието, културата, спортот и што уште не – да се поканат Меркел и Макрон, дури и во својство на духовни и политички покровители на овој проект. И, во годините што доаѓаат, да се употребат, практично, неограничените пари на ЕУ за овој вид на соработка, бидејќи тоа е суштината и смислата на постоењето на таа Унија.

Знаете, кога го потпишуваа својот Договор за пријателство (по што следуваше и размена на бакнежи!), Де Гол беше 72, а Аденауер 87 години стар. Нашите Заев и Ципрас се обајцата 43-годишници – па, и од тој аспект, иднината би требало повеќе да им значи од онаа на мудрите историски лидери на Франција и Германија.

Ете ни го и Планот А и Планот Б и Планот Ц на грчко-македонските односи, дури и ако не успееме сега да го надминеме спорот со името. Односно, дотолку повеќе!

 

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: ГерманијаГрцијадовербаКУЛТУРАМакедонијамладинадворешни работипријателствоСолунФранција
Share172TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ