• Latest

Шилегов во Атина како дел од мерките за градење доверба

February 10, 2018
Хаг, Холандија, наутро, 16 септември 2026

Хаг ја изрекува пресудата за лидерите на ОВК: Косово во напнато исчекување

September 16, 2026

Кога граѓанинот стана непријател на демократијата?

September 16, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Демократија или право на самоволие?

September 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонски поглед кон телевизијата, интернетот и демократијата

September 16, 2026
Роџер Касале

Демократијата мора да биде нешто што го правиме

September 15, 2026
Проф. д-р Ана Чупеска

За да се испорача демократијата, мора да го заштитиме правото на вистина!

September 15, 2026
Бранко Тричковски

Нема човеци за демократија, ниту демократија за човечките деформитети

September 15, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Циркус за нула денари и затруена вода: Како демократијата стана депонија за гласови

September 15, 2026
A group of protesters raise their fists in the air. The concept embodies unity, strength, and the fight for justice. Generative AI.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е отворена за авторски текстови и видеопораки за демократијата

September 15, 2026

DDGI и WA4U по повод Денот на демократијата: Да се брани демократијата значи да се стои со Украина

September 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шилегов во Атина како дел од мерките за градење доверба

February 10, 2018 08:47
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов со вчерашната посета на грчката престолнина и средбата со атинскиот градоначалник Јоргос Каминис се вклучи во напорите за градење доверба меѓу граѓаните на двете земји и подобрување на климата меѓу двете општества.

На заедничката прес-конференција по средбата во Атина двајцата упатија јасна порака за соработка, до граѓаните, но и до владите на двете земји, со заложба да продолжат со преговорите и да ги решат проблемите за граѓаните на Скопје и Атина да имаат нормална комуникација.

„Како нов градоначалник решив да го отворам градот, веќе се сретнав со неколку градоначалници од регионот и ќе работам на тоа зашто силно верувам дека градоначалниците на главните градови исто така се главните гласници, едни од главните гласници на земјата. Ако имаш добра соработка меѓу главните градови, тогаш лесно ќе имаш подобра соработка меѓу владите“, рече Шилегов.

Неговиот грчки колега, порача дека владите во Атна и Скопје треба да се фокусираат на она што ги поврзува двете држави и двете општества, а не на она што ги разделува.

„Ние, градоначалниците на двата главни града се согласуваме со потребата за постигнување фер и одржливо решение, знаејќи ги предностите што доаѓаат со него. Треба да придонесеме одлучно, конструктивно, согласно со улогата што ја имаме, кон оваа насока, приближувајќи ги градовите и граѓаните. Во секој случај не сме ние тие кои преговараме, не сме тие што сме повикани да ги решиме проблемите што ги разделуваат земјите. Очекуваме од нашите влади да работат на национално одговорен начин да се прагматични, да покажат реална политичка волја за компромис. Да се концентрираат на иднината и на она што ги обединува двете земји, а не на она што не разделува“, рече градоначалникот на Атина.

Од Атина двајцата најавија дека Каминис ќе оставри возвратна посета на Скопје, а ќе биде потпишан и меморандум за соработка во повеќе области. Веќе следната седмица, работна група од општина Атина, ќе биде во Скопје во рамките на европска програма во која учествуваат двата града.

Скопскиот градоначалник во интервјуто објавено во вчерашното издание на грчкиот весник „Етнос“, пред средбата со неговиот грчки колега, Каминис, порача дека иднината на Скопје се наоѓа во европското општество. Објаснува дека градоначалниците директно не учествуваат во преговорите меѓу двете земји, но вели дека е добро да се потенцира оти „дури и во клучните моменти, двата града имаат сила да им дадат еден сосема различен тек на работите, во духот на регионалната соработка и регионалниот развој“.

Во интервјуто, насловено „Плановите на Груевски нѐ вратија назад“, акцентот е ставен на проектот „Скопје 2014“, за кој, Шилегов вели дека Груевски го искористил за да ги суспендира демократските и човековите права, но и за да го сврти вниманието на народот од вистинските проблеми на државата и граѓаните.

Шилегов во интервјуто, објаснува дека веќе е формирана комисија што ќе даде мислење во однос на евентуалното отстранување на одредени споменици, бидејќи вели дека станува збор за чувствително прашање, за кое не може да одлучува сам, затоа што ако одлучи сам „нема да биде по ништо поразличен од оние што го создадоа проектот на особено нетранспарентен и нелегален начин“.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: АтинаГрцијадовербаМакедонијаСКОПЈЕсредба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ