• Latest
Добро утро со Орданоски

ДУИ, „пајак“ не ја крева!

March 8, 2018
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

ДУИ, „пајак“ не ја крева!

March 8, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]В[/dropcap]ниманието што Беќир Асани, со еден релативно минорен инцидент, го привлече во македонската јавност, го одразува превладувачкиот став во јавноста кон самата ДУИ. Не е проблемот во тоа што некаков Асани, во манир на маалски силеџија, тргнал да ѝ вика и да ѝ се заканува на сообраќајната полицајка што сакала да го казни заради погрешно паркираниот џип, туку проблемот е што Асани го симболизира арогантното и „распрдено“ однесувањето на политичката партија ДУИ: неказнети за криминалите од долгото братско владеење со ВМРО-ДПМНЕ, се однесуваат како размазени балерини за кои законите не смеат да важат како и за другите граѓани во државата, бидејќи без нивните десетина пратеници во Собранието ќе ја нема ни оваа, ни некоја друга мултиетничка влада во сегашнава Македонија.

Затоа јавноста (и тоа не само етничката македонска) има сериозен проблем со умислените „солирања“ на Артан Груби, со „преценетото“ однесување на Бујар Османи (кој со иста самоувереност може да брани две тотално спротивни тези, ако треба), со клиентелистичките распределби на буџетот за културни проекти, со инсистирањето по секоја цена, по пат на уцени, да се помине потребниот, но недоквакан закон за употреба на албанскиот јазик, со „шверцувањето“ на кадри како Лазе Еленовски и со разни други секојдневни глупиранции и „континуитети“, како од времињата на дружбата меѓу Мијалков и Муса Џафери.

Во таков контекст „упаѓа“ случајот „Беќир Асани“: ДУИ се поистоветува со еден семоќен чаирски багабонт кој, пак, е инструментален партиски механизам за справување со политичката и криминалната конкуренција во и вон ДУИ, со методи што ги познава асфалтот на една од најзапуштените општини во Скопје. Па, не може ЕДЕН Беќир Асани да си дозволи да биде казнет од некаква полицајка, богати! Што ќе кажат чајџилниците на тоа?!

А, гледајте, таа примитивна мачистичка логика на свој „паунски“ начин ја следи и Зијадин Села, кој вели дека ДУИ треба да ја напуштат Владата заради неизгласувањето на Законот за јазиците – „ако се мажи“… Оти, „бидејќи се жени“, не се вредни за натамошна „машка“ дискусија по важни прашања. Тоа се вика да се бараат оправдани јазични права од 21 век, со политички речник од 19 век!

Да не бидам погрешно сфатен: немојте да мислите дека ваквата мачо-политичка логика им е својствена само на албанските политичари во Македонија, бидејќи сум апсолутно уверен дека уличарските партиски екстензии и на македонските партии исто би реагирале во ситуации слични со „џипот на Асани“! Бидејќи сум повеќе на велосипед, отколку во автмобил, често сведочам слични ситуации низ центарот на Скопје во кои „мускулите“ решаваат за тоа како ќе се применува законот.

Ако не ми верувате, поминете на улица „Ленинова“ (по старо) и видете како се паркирани поршеата и аудијата пред неколку познати кафулиња во тој дел од градот… И дали има „пајак“ што смее да ги крене?!

Добро, добро, знам што ќе кажете: исто е и пред „Броз кафе“, јас кајшто пијам кафе… Ама, таму барем, од некаква законска „грижа на совест“, сопствениците на погрешно паркираните возила пуштаат четири трепкачи, свесни дека ги кршат сообраќајните правила. И, кога ќе се појават „пајаците“, настанува општо прерипување преку маси и столици кој прв да им ја дувне… Од респект кон законот!

Според тоа, живееме во една крајно несовршена Македонија кога е почитувањето на законите во прашање. Само што извесен Беќир Асани, „во име и за сметка на ДУИ“, си дозволува да се заканува на полицајката, наместо џентлменски да се извини и да се препаркира.

Оти, навистина, што ќе кажат чајџилниците ако го стори тоа? Брука! И, како, после, ќе може да втерува страв за потребите на неговата бизнис-партиска агенда?!

Tags: Беќир АсаниДУИМВРнасилствонеказнивостпајакполицијаЧаир
Share328TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ