• Latest

Американски експерт: Судовите мора да бидат отворени за новинарите

April 13, 2018
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Американски експерт: Судовите мора да бидат отворени за новинарите

April 13, 2018 15:43
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Судските рочишта треба да бидат отворени за јавноста и новинарите, бидејќи само на тој начин ќе се зголеми довербата на граѓаните во судството. Ова беше главниот совет кој го искажа американската новинарка Рејчел Коен, на регионалната работилница во Скопје на тема: „Судска транспарентност и евалуација на судиите во светло на реформата на судството“, организирана од страна на Здружението на судиите на Република Македонија во соработка со Амбасадата на САД во Македонија.

Коен го претстави американското искуство во однос на соработката меѓу судовите и медиумите, која се одвива преку Комитетот на судови и медиуми во рамки на Вишиот суд во Бостон.

Таа рече дека судските рочишта треба да бидат отворени за јавноста, додека на новинарите треба да им биде овозможено да ги користат сите видови на електронски уреди за време на судењата.

„Новинарите и судиите имаат многу да научат едни од други, а отворените судови се прекрасен пат за зголемување на довербата кај јавноста за тоа што се случува во судските сали. Тоа е реалната мисија на Судско-медиумскиот комитет во Масачусетс. Кога велам отворени судови, мислам на отворени за камери и за сите видови електронски уреди, така што нашите новинари имаат можност да испратат „твит„ или да пишуваат директно од судската сала“, рече Коен.

Претседателот на Здружението на судиите на Македонија, Џемаил Саити најави дека по американскиот пример и во Македонија ќе биде формирано тело – каде ќе се дискутира за заеднички прашања на судовите и медиумите.

„Ќе се отвори прашање за поконкретна соработка со медиумите, во насока на формирање на судско-медиумско тело, односно совет, каде ќе може да се дебатира за доста заеднични прашања, за нашата помош судовите да се отворат за медиумите, како и за тоа медиумите да бидат поблиску до нашата работа“, додаде Саити.

Независноста на судиите во Македонија, според портпаролката на американската Амбасада во Скопје, е клучна за спроведување реформи во правосудството во земјава.

„Здружението на судии прави добра работа во промовирање на независноста на судиите во Македонија, за што, ние како амбасада веруваме дека е клуч за реформите кои ѝ се потребни на Македонија за да се приклучи во НАТО и ЕУ“, порача Лора Браун, портпаролка на Амбасадата на САД во Скопје.

На дискусијата се обрати и претставникот на ЗНМ Дениз Сулејман, кој нагласи дека отвореноста на судовите е од огромна важност особено во овој период кога секојдневно имаме предмети во суд кои се од значаен интерес за јавноста. „Практиката во САД и во другите развиени демократски земји покажува дека новинарите можат да користат електронски уреди за време на рочиштата. За жал, во Македонија минатата година имавме двајца приведени новинари со објаснување дека го снимиле во лице судечкиот судија. Новинарите беа приведени без налог и беа држени повеќе од шест часа во полициска станица, а за да биде иронијата уште поголема, настанот се случи на 2ри ноември кога се одбележува денот на неказнивоста на злосторствата против новинарите“ истакна Сулејман.

Сулејман додаде дека отвореноста на судовите и на другите институции кон новинарите е од голема важност во борбата против појавата на лажните вести.

Фото: www.cincinnati.com

 

Tags: ЗНМнезависностновинариреформисудствотранспарентност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ