• Latest
Добро утро со Орданоски

За блажената состојба на обвинетите

April 20, 2018

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

За блажената состојба на обвинетите

April 20, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Е[/dropcap]х, камо да беше така едноставно јавно да се брани г-ѓата Гордана Јанкуловска од навредливите и злобни интернетски напади против неа по повод веста за нејзината благословена состојба… Велам, да беше толку едноставно, само јавно ќе се згрозевме и со право ќе побаравме осуда, можеби и судска, за недокваканите злобници кои не бираат зборови и алузии за политички и човечки да ја омаловажат г-ѓа Јанкуловска и нејзиниот статус на идна мајка и сегашна жена и сопруга.

Ама работите никогаш не се толку проклето едноставни како што би требало да бидат или како што изгледаат на прв поглед.

Се разбира, мислам на моралната компликација која произлегува од статусот на бившата министерка за внатрешни работи која со години, формално-правно, беше на чело на државниот апарат кој го спроведувал најмасовниот упад во приватноста на граѓаните на една држава, од примерот со практиките на Штази, па наваму.

Според тоа што го знаеме, а и според формалните обвинувања во тековните судски процеси против неа, улогата и одговорноста на Јанкуловска во тоа базично кршење на моралните, а потоа и правните и политичките норми на македонската демократија, не била само како онаа на чуварите, па дури ни на управителите на нацистичките конц-логори – демек, само слепо и речиси механички да се спроведуваат туѓи наредби во еден масовен геноциден проект смислен од повисоки инстанци на злото. Напротив, ние и до сега, пред да ја дочекаме правосудната завршница на судските случаи против неа, имаме јасни сознанија за нејзиниот креативен и многу активен придонес и во спроведувањето и во банализацијата на тоа зло со кое на илјадници македонски граѓани им се нанесоа големи морални, политички, семејни, материјални, бизнис, статусни и којзнае какви уште не штети.

„Тефтерчињата на Јанкуловска“ дури станаа и некаков траен симбол, илустрација на морално-политичката корупција и широко распространетиот систем на уцени, контрола, притисоци, поткупи и секаков вид други злоупотреби спроведувани врз и низ луѓето во претходниот режим на Фамилијата во кој, повторувам, Јанкуловска беше највисок функционер. Нешто како Химлер во нацистичка Германија, кога тоа не би било непристојно претерување во споредбите.

Тоа е контекстот во кој перспективната мајка со отежната бременост, г-ѓа Јанкуловска, и перспективната осуденичка во женското крило на Идризово, треба сега да се брани од невоспитаните, навредливи, простачки напади и ситења на мородерите и социопатите низ македонските социјални мрежи.

На страна што човек не може да се оттргне и од помислата дали приватната, најприватната одлука за забременување, во чија света приватност не смее никој јавно да се меша, не е резултат и на одредени правни околности кои можат да влијаат отежнувачки или олеснувачки во бројните тековни и идни судски случаи што воспоставената македонска правна држава ги води против г-ѓа Јанкуловска?!

Велам, повторно во погоре опишаниот контекст на неодамна завршената македонска реалност, ние знаеме дека имаме работа со здружение на пресметани членови на организирана криминална група која спроведувала многу масовни и промислени акти на кршење на базичните права на илјадници граѓани на Република Македонија, што, сега, може да ги помести границите на јавниот третман и толеранција, па и гаранцијата на истите тие права на приватност што би требало да им следуваат и на осомничените и обвинетите на таа криминална група, која ние од милоштина си ја нарековме Фамилија.

Но, јас мислам дека, без оглед на сите овие морални дилеми што можат да се појават во македонската јавност, во случајот на навредите врз г-ѓа Јанкуловска треба цврсто и јасно да се застане во одбрана на нејзиниот труднички статус, па дури и на нејзините труднички „права“ на пресумпција на невиност, ако може така да се каже, во мотивите за нејзиното затруднување. Конечно, дури и по закон, секој обвинети има право да се брани на начин за кој тој ќе процени дека е најдобар за него.

Само, велам, во случајот на г-ѓа Јанкуловска, работите не се така морално-политички проклето едноставни, дури ни кога личи дека би требало да бидат…

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Tags: бременостГордана ЈанкуловскаСЈОфамилија
Share141TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ