• Latest

Реконструкција на Владата, за добро или за лошо

May 29, 2018

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Реконструкција на Владата, за добро или за лошо

May 29, 2018 15:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Името и влезот во ЕУ и НАТО сè уште остануваат актуелни во јавноста. Но, она што ќе остане во фокусот наредните денови е реконструкција на Владата. 

И покрај грижата како ќе се покажат новите министри, чии имиња се веќе познати во јавноста, останува отворено прашањето колку тоа ќе влијае на состојбата во Собранието и дали ќе се менува драстично парламентарното мнозинство со вклучување на Беса на Африм Гаши заедно со троица пратеници.

Ставот на граѓанките и граѓаните околу промените во Влада е дека тие се добри, но дел од нив под добри промени подразбираат смена на сите функционери во Влада. На прашањето на ЦИВИЛ Медиа што би промениле во Владата, еден од граѓаните одговори: „Одма Владата би ја сменил, за 24 часа. Не ми се допаѓа оваа Влада. Добро е да има промени, уште една промена да има, па каква таква“.

„Треба да има јасна дистинкција дека стартот на преговори не е исто што и пристапувањето во ЕУ. Ова треба да биде признаено. Има два до три изборни циклуси помеѓу двата настани, а пристапувањето е алатка што е тука да ги помогне реформите. Ако го барате истото ниво на демократска зрелост како  онаа што се бара за влез во ЕУ тогаш процесот нема смисла. Имаме искуства со земји што почнале преговори, а потоа се најдоа блокирани. Нема автоматизам. Секогаш кога се политизира овој процес тој не успева“, е дел од изјавата на Никола Димитров, министер за надворешни работи од Брисел по прашањата за преговорите со името и поврзаноста со интерграцијата на државата во ЕУ и НАТО.

Новото рочиште во случајот „Траекторија“ на СЈО започна со слушање на „бомбите“. Во предметот „Траекторија“  обвинети се Никола Груевски, Миле јанакиевски и Љупчо Георгиевски, поранешен директор на државни патишта, за изградбата на автопатските делници Миладиновци-Штип и Кичево -Охрид.

И не заборавајте, утре ЦИВИЛ промовира три книги со повеќе од 350 колумни, на вкупно 1.000 страници во клубот Сити Хол (до МКЦ), со почеток во 20:30 часот. „Во чекалницата на слободата” од Сашо Орданоски, на 440 страници, “Рафал” од Џабир Дерала и “Неправда и немир” од дваесетина авторки и автори на ЦИВИЛ, со по 280 страници, ќе овековечат еден тежок и неизвесен период за Македонија.

Биљана Јордановска

Tags: ЕУимеНАТОПреговориСЈОТраекторијаЦивил
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ