• Latest

Заев и Ципрас бараат решение, без поддршка од опозицијата

June 3, 2018

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев и Ципрас бараат решение, без поддршка од опозицијата

June 3, 2018 08:03
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

За преговорите и договорот околу името меѓу Македонија и Грција има одредени технички проблеми кои треба да се решат меѓу двете страни. Штом тие ќе се остранат ќе се случи телефонскиот разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас, изјави вчера премиерот Зоран Заев. 

– Знаете јас уште на самиот почеток сум оптимист, не би сакал да давам детали. Верувам дека ќе го најдеме решението, но штом се отстранат овие технички прашања веднаш ќе се случи телефонскиот разговор и верувам дека во најбрз можен рок можеме да објавиме дека сето тоа што е договорено, како би го процесуирале понатаму самите постапки, за да пристигнеме навремено пред Европскиот совет заради тоа што тогаш ќе се одлучува за добивање датум за отпочнување на преговорите за Македонија. Така што, следните денови сме максимално фокусирани и посветени, се работи за договарање за членови од договорот, за детали коишто се важни, заради тоа што сега е време тие да бидат прецизно договорени, рече Заев, кој беше во Штип.

Потврди дека и двете страни кога ќе го постигнат договорот околу името неговото потпишување меѓу Макеоднија и Грција ќе се случи во Преспа, а, како што вели, тоа е желба уште од Давос.

– Јас сум подготвен за тој разговор, знам дека е и тој подготвен, секако важно ни е како тоа ќе го објасниме на нашата македонска опозиција за да има причина за да ја повикаме за да биде заедно со нас, наведе Заев. Многу и најважно е, дополни, да им објасниме на граѓаните на РМ, но исто така паралелно и важно е да им објасниме на опозицијата во Грција, како и на граѓаните на Република Грција.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, пак, синоќа од митингот во Скопје повтори дека неговата партија нема да поддржи промена на Уставот заради промена на уставното име.

– Од ова појасен став нема. Историјата ќе суди кој бил во право. Ова е историски период за сите нас, крстосница на која се наоѓаме во нашето битисување и во нашата историја, се решава прашањето за името. Многумина го очекуваат нашиот став за овој проблем и јас овде пред вас немам друга опција освен да  бидам искрен и отворен, рече Мицковски.
Тој обвини дека разговорите за името се водат тајно и нетранспарентно, а информациите за нивниот тек најчесто доаѓаат од грчките медиуми.
– Некој кој е власт во земјата си игра со достоинството и го распродава евтино иако е бесценето. Заев кажуваше дека нема промена на Уставот и дека ќе го заштитат идентитетот. Како поминува времето, сега вели дека промената на Уставот не е промена на идентитетот. Се договора промена на името и сите ќе не именуваат со новото име. Ќе се направи непоправлива штета за која ќе нема назад, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот во Скопје.
И најголемата опозициска партија во Грција, Нова демократија изразува несогласување со начинот на кој се водат преговорите за името и го обвинува Ципрас за нетранспарентност и за отстапување од националните интереси. Лидерот на партијата Киријакос Мицотакис смета дека Грција не треба да брза со решавање на спорот. Бара од Ципрас да не се согласи однапред за било каков договор што ќе му дава на Скопје датум за почеток на преговорите за интеграција во Европската унија и зелено светло за членство во НАТО.
За прашањето за името вчера се огласи и поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос, порачувајќи оти тоа не е работа на црквата туку на Парламентот.
– Црквата зазеде став. Рече јасно дека не го даваме нашето име, но тоа не е работа на црквата. Црквата не прави протести, граѓаните одбраа Парламент и Парламентот е одговорен за тоа. Грците се одговорни што гласаат, а Парламентот да ја води земјата, рече архиепископот Јеронимос.
(МИА)
Tags: ВМРО-ДПМНЕГрцијаЗаевимеМакедонијаопозицијаПреговориЦипрас
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ