• Latest

Таравари: Алијансата за Албанците ќе го поддржи референдумот, но ќе продолжи да ја критикува владата

August 25, 2018

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Таравари: Алијансата за Албанците ќе го поддржи референдумот, но ќе продолжи да ја критикува владата

August 25, 2018 18:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа разговараше со Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар и висок претставник на Алијансата за Албанците, за прашања поврзани со Референдумот, ставот на Алијансата за Албанците, за национализмот и говорот на омразата.

ЦИВИЛ Медиа: Кој е вашиот став и коментар во врска со сите прашања што се отворија околу референдумското прашање, дали да се биде за, против или да се бојкотира…? На локално ниво, како гостиварчани гледаат на Референдумот?

Таравари: Јас често велам дека во Гостивар е мала  Македонија. Во Гостивар живеат Албанци, околу 65%, Македонци околу 20 %, Турци околу 11%… се користат три јазици и е пример за мултиетничноста во Македонија. Скоро 80% од граѓаните во Гостивар ги зборат трите јазици. Јас во својата куќа користам два јазика. Со моите родители зборувам на турски јазик, а со жената и децата на албански јазик. Со моите први комшии зборувам на македонски јазик.

Овде и кога беше војната во 2001 година немаше никаков инцидент. Си живееја луѓето заедно како да не се случува ништо. Повторно е таква атмосферата во Гостивар. Повеќето луѓе се про –референдумот и се за тоа Македонија да се интегрира таму каде што треба бидејќи бегаат млади луѓе. Моите деца веќе размислуваат како да побегнат. Ако разговарате и ако прошетате низ повеќе места во Гостивар ќе видите дека луѓето се за Македонија да се интегрира во ЕУ и НАТО. И тука нема дилеми.

Што е луксузот според мене, зборувам како човек, а не како градоначалник и политичар, тоа е дали ни треба воопшто луксузот Референдум? Или директно требаше да оди на Собрание и да се гласа? Тоа е луксуз што чини 4 милиони евра, консултативен е и повторно, кога ќе помине, ќе треба пратениците да го гласаат. Овде беше нашата дилема како Алијанса за Албанците. Дали треба да трошиме на ова? Но, што е решено вака, ние имаме и Централно собрание и таму ќе кажам како член и генерален секретар на партијата, дека атмосферата про Референдумот. Ние сме партија што ги претставува Албанците, а 88% од Албаницте се за Референдумот. Најверојатно Централното собрание ќе донесе одлука за Референдумот и повторно велам, бидејќи во недела одлучуваме, ќе имаме и активна кампања што ќе биде за интеграција, но ќе ја критикува Владата бидејќи нема никакви промени, освен во надворешната политика. Ништо друго убаво не се случува. Како опозиција ова ни е задача, да ја извршиме, бидејќи треба да се започнат реформските процеси во државата.

ЦИВИЛ Медиа: Колку ќе му наштети на позитивниот исход на Референдумот „другата страна“, онаа што е против и онаа што бојкотира?

Таравари: Секогаш ќе има спротивна страна. Повеќето граѓани, не во Гостивар, туку и во повеќе градови, атмосферата е за Референдумот. Мојата прогоноза е дека сигурно ќе помине, но дека има луѓе што размислуваат поинаку имало и ќе има и нема ништо лошо во тоа. Но, дали ќе има вилијание, најверојатно да, ништо во универзумот не е случајно. Сè што се случува има некоја причина. И тоа што се случува е последица на таа причина. Има луѓе што треба да ги анализираат. Не би сакал да навлегувам во такви анализи.

ЦИВИЛ Медиа: Ваш коментар за национализмот во Македонија?

Таравари: Идиоти имало и ќе има. Тоа се малоумни луѓе. Кога ги слушам одредени политичари како за политички поени некого ќе го наречат „шиптар“ или „циган“, тоа е веќе многу ниско. Мислам дека веќе не пали ни кај луѓето. Луѓето веќе сакаат рационализам. Сакаат нешто што е оправдано. Ако навредуваш некого, не се подигнуваш самиот. Не би ги ни спомнал и не вреди за тие луѓе да се дискутира.

Текст и фотографија: Биљана Јордановска

 

 


Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: Арбен ТаравариГостиварнационализамреферендум
Share119TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ