• Latest

Иднина или тиња

August 29, 2018

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Иднина или тиња

August 29, 2018 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

И така, пренајдражи мои, куглата вели – Ближи се тренутак, кад ќе да куцне тај час, да се изјаснимо сви, у кутијици глас:

– за поизвесна и попросперитетна иднина во ЕУ и НАТО, или

– за неизвесна иднина полна со секакви ризици, недостаток на алтернатива, продолжување на транизициската агонија и тапкањето во место, а можеби и полоши варијанти со оглед на развојот и приказните за прекројување граници во регионот.

Петрит Сарачини

Не е потребна ниту кристална кугла да се видат начините, на кои противниците на референдумот сакаат да ја упропастат шансата што би си ја дале себеси граѓаните на Македонија за напредок.  Во идните денови очекувајте дека, пред сѐ –  ќе се разгорува меѓуетничката нетрпеливост.

Секако – покрај дневно – политичката критика, каде освен со оној дел кој е релевантен и предизвикува корекции кај власта, таа останува со прилично малку сојузници во справувањето со се што се налепува – лажни тревоги и вести, предимензионирање на минорни теми, лични и хајки или нарачки од политички центри, сензационализам, а богами и традиционално „рекетирање“ и праќање „економски“ пораки. Омниприсутноста и збрлавувањето на граѓаните со лажни вести и манипулативни содржини од секаков вид и на сите канали, особено онлајн и на социјалните мрежи –  ќе биде главното оружје.

Национализмот и ксенофобијата се омилената појдовна точка, но и единствената точка на конзистентност во недостаток на некаква идеолошка или етичка „кичма“, што ги спојува противниците и бојкотирачите на нашата иднина.

Омразата кон другиот е со години, море децении точка на заедништво и поврзување на оние што и во оваа референдумска кампања ќе нѐ убедуваат да гласаме против или да ја бојкотираме, да одиме против својата иднина и иднината на нашите најблиски. На чело на колоната заблудени и изманипулирани луѓе полни со гнев и омраза,  ќе ги видите оние што очигледно одлично живеат, напредуваат и пливаат сите овие години во тињата на транзицијата.

Секако, тие не се обраќаат кон сите нас. Јасно ви е дека противниците на иднината и референдумот не се обраќаат на сите граѓани на Македонија. За нив секогаш декларативно сите ќе бидат еднакви, но едни ќе бидат „поеднакви“. А „поеднаквите“ секогаш бараат непријатели меѓу „еднаквите“ .Ако нема внатрешни непријатели, предавници, мора да ги измислат, инаку ќе се изедат меѓу себе.

Затоа ќе ја изгубат и оваа битка, како и многу пред тоа. Македонија и нејзините народи и граѓани, вели младичот а потврдува и кристалната кугла, ќе знаат како и во сите клучни моменти, да изберат паметно и мудро. И-  ЗАедно! Уз ту мисао вам угодан дан желим…

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: гласањеГрцијаЕУиднинаМакедонијаНАТОреферендумСпогодба
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ