• Latest
Добро утро со Орданоски

Дерби во третата македонска политичка лига

September 4, 2018

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Дерби во третата македонска политичка лига

September 4, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]П[/dropcap]ред некој ден, во едно политички висококвалификувано утринско кафе-друштво од различен идеолошки „происход“, се поведе брза, но темелна расправа за тоа дали Мицкоски некогаш ќе може да го надмине просекот од неколку статистички поени на поддршка во јавноста што баксузно го следи од неговото застанување на чело на ВМРО-ДПМНЕ?

Нема да ги прераскажувам туѓите ставови – освен дека резигнацијата од актуелниот претседател на опозицијата беше превладувачко чувство кај сите – но мојот став е дека Мицкоски пропушти голема можност да се востоличи како политички лидер кој не само што не е дораснат успешно да го носи барјакот на продуктивно спротивставување на политиките на сегашната власт во Македонија, туку не може ни сопствената партија да ја консолидира до ниво на нормално функционирање на демократски разногласија во неа, после долг период на партиско едноумие и диктат на култот на личноста на Груевски.

Со своето досегашно однесување тој покажува дека му недостасува политички формат – тоа е нешто што не се учи, туку или го имаш или го немаш – за донесување важни, понекогаш и тешки и ризични стратегиски одлуки за прашања од подолгорочно партиско, а потоа и национално значење. Без тој формат, политиката е сакам-нејќам, прва-рикверц, трт-мрт, „математички прецизна“ и слични турни-ме-да-кинисам нејаснотии…

Впечаток е дека Мицкоски не е заглавен во политичката мил по дилемите за референдумот само затоа што се труди да создаде политичка криза која би резултирала со преговарање за понатамошниот кривично-правен статус на бившото партиско раководство (Фамилијата, де, со целата нивна извршно-профитерска камарила); тоа тој несмасно го одработува, без изгледи за поголем успех на тоа патетично сценарио. Туку, самиот Мицкоски како искрено да верува дека интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО на овој договорен начин со Грција е суштински погрешен и дека, иако не знае како, тоа би можело, некако, поинаку да го изведе, само кога би знаел како, а не знае, но ќе се дознае кога за тоа ќе дојде време, ако не овој вторник, тогаш идната среда, догодина!

За негова утеха, таа политика на македонска евро-атлантска интеграција без договор со Грција, по три децении македонска државна независност, од никого уште не е измислена, па Мицкоски, сакал-нејќел, сега неизбежно делува од анти-НАТО и анти-ЕУ позиции, иако секојдневно се колне во својата евро-атлантска ориентација. Друштво му се маргиналци од форматот на Јанко, Палчо, Солза и Филип, со кои, па, уште повремено и невешто се расправа! Возбудливо дерби во третата македонска политичка лига, комерцијално поддржана од руски и српски спонзори.

А не се работи за тоа дали Македонија, без помош од Мицкоски, нема да се интегрира во НАТО и ЕУ; за тоа, за среќа, тој не се прашува. Туку работата е во тоа што патот на интегрирањето ќе се одвива со позирање на ВМРО-ДПМНЕ, формално, од каршија на тој важен процес, што е повторна пропуштена можност за ова движење да биде во дослух со модерната македонска историја. И така едно стотина години наназад.

Всушност, можеби единственото прашање за Мицкоски е дали и уште колку долго ќе ја преживее оваа своја политичка какофонија на чело на ВМРО-ДПМНЕ, доколку навистина сака да предводи демократска опозиција? Бидејќи другото е одамна веќе видено.

Во тоа е, накусо, проблемот на нискиот јавен рејтинг на Мицкоски. Што, и покрај сите тековни глупости на СДСМ, тешко дека значително ќе се крене.

 

 


Објавено и во Плусинфо и Слободен печат (5/9/2018).

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: ВМРО-ДПМНЕдемократијаЕУМицкоскиНАТОопозицијарејтинг
Share137TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ