• Latest

Џафери: Не молам никого, најмалку Иванов, и без мандат ќе се формира влада!

May 12, 2017

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери: Не молам никого, најмалку Иванов, и без мандат ќе се формира влада!

May 12, 2017 15:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Моја законска обврска е да го чекам (Иванов) 10 дена. Нема што да се молиме. Од 20-ти натаму, сè ќе зависи од волјата на мнозинството во парламентот“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешната средба со новинарите. Според него, по тој рок, може да се формира влада во парламентот со мнозинство од пратениците.

Џафери на кафе-средбата со новинарите изрази очекување дека Иванов ќе го додели мандатот во определениот рок, а „варијантата“ да не го додели – со какво било образложение – според него, значи дека Иванов го прекршува Уставот. „Според Уставот, претседателот на Република Македонија има обврска и должност да го даде мандатот во рок од 10 дена и не се работи за тоа дали сака или не. Мандаторот има рок од 20 дена да го подготви предлогот за влада и да го достави до Собранието, а спикерот во рок од 15 дена да свика седница за избор на владата“, потенцираше Џафери.

Собранискиот спикер смета дека би требало да се формира анкетна комисија за настаните од 27 април, која ќе испита сè, бидејќи „тука има и политичка и физичка штета, вмешани се и пратеници, и неминовно е покренување политичка одговорност за тие што се вмешани“.

Џафери рече и дека иако најавил оти првата седница на парламентот ќе биде за формирање влада, доколку добие предлог од политичките партии, постигнат со консензус, за одредување датум за локалните избори, тој ќе свика седница, бидејќи до недела функционираат локалните власти, а потоа им истекува мандатот на градоначалниците и на општинските совети.

На прашањето дали ако се формира влада без доделен мандат од претседателот на државата Ѓорге Иванов, тој повторно очекува немири и протести, Џафери рече: „Не исклучувам ништо, граѓаните имаат право да протестираат, но апелирам дека е беспредметно и непримерно да се повтори 27 април“.

Џафери ја исклучи можноста за импичмент, бидејќи за тоа треба двотретинско мнозинство. Тој додаде дека го почитува правото на поднесување на иницијатива до Уставниот суд, за испитување на уставноста на неговиот избор за претседател на Собранието, меѓутоа, нагласи и дека ниту една институција не може да го укине правото на мнозинството пратеници да одлучат за функционирање на законодавната власт.

„Ние имаме законодавна, извршна и судска власт и така треба да остане“, истакна Џафери.

 

Текст и фото: Дехран Муратов / Марија Теговска

 

Tags: владаЃорге Ивановлокални изборимандатПретседател на Собраниесредба со новинариТалат Џафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ