„Светот пред две години гледаше со загриженост и искреност и со неверување во зимата 2021-22 година, додека Путин собираше војска по границата на Украина. И пред две години гледавме како ужасната и бруталната инвазија почна врз Украина. Путин и многу други сметаа дека руската воена моќ ќе го прегази Кијив за една недела, и ќе ја заземе земјата за еден месец. Но тоа не се случи. Украинците, со САД, НАТО и други партнери вклучувајќи ја и Европската унија застана на отпорот и рекоа не“, рече нејзината екселенција американската амбасадорка во Северна Македонија, Анџела П. Агелер, на конференција „Украина – две години хероизам“, организирана од Амбасадата на Украина во соработка со ЦИВИЛ.
„Украинците не се предадоа, тие се бореа. Претседателот Зеленски не избега од државата, туку остана и ја водеше државата. Западот не го сврте грбот, ние се обединивме и ги здруживме силите, а НАТО наместо да се распадне, порасна. Денеска, две долги години подоцна, украинските херои продолжуваат да се борат“, изјави Агелер.
„Нивната храброст и сила освен што запреа голем непријател, ги запреа и стоките на Русија да одат на светскиот пазар. Украинците продолжуваат да испорачуваат услуги, да ја реформираат државата и таа се придвижува напред во трансатланските институции. Украина ќе победи со сета наша помош. Нема алтернатива. Заложбите не можат да бидат повисоки и се многу поголеми од границите на Украина. Нелегалната брутална војна на Русија не потсетува на заканите кои што ги даваат авторитарните режими и важноста да се одбраниме од силеџиите и да се бориме за демократија“, додаде Агелер.
Б. Ј.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Б. Јордановска