Јас се залагам за напредок и денес нека биде постигнат, изјави денеска во Охрид лидерот на ДУИ Али Ахмети по средбата со косовскиот премиер Албин Курти.
На новинарско прашање дали верува дека ќе заврши процесот на дијалогот со взаемно празнавање меѓу Косово и Србија, Ахмети одговори дека тоа зависи од двете делегации, но верува дека ќе биде постигнат договор меѓу Приштина и Белград.
Мислам дека како финален процес, Косово треба да оди напред кон меѓународно признавање како држава и негово унапредување и прифаќање во сите меѓународни институции и да го продолжи патот кон членство во Европската Унија и НАТО, истакна Ахмети.