• Latest

Ако не знаете како да ги потрошите парите, обратете се во ВМРО!

November 1, 2017
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ако не знаете како да ги потрошите парите, обратете се во ВМРО!

November 1, 2017 13:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Наместо да глумиме изненадени и навредени од сумата со која СДСМ ја даруваше Сител за рекламирање на својата партија, бидејќи тоа го правеше и во изминатите години, можеби е редно време да се позанимаваме со реалните проблеми кои се наметнуваат од ова прашање.

пишува: Маја Ивановска

Наместо да одиме по линијата на помал отпор и релативизирачката реторика, можеби е време да видиме како стоиме со законите во оваа држава, нивното почитување и одговорноста која непочитувањето на истите ја носат со себе.

Ќе речете нема, ама има голема разлика.

За почеток ќе прашам, која ни е крајната цел? Да ја повториме судбината на А1 по конечната триумфална победа на Груевски и компанијата? Ако ни е тоа целта, ајде да ја затвориме и Сител и да лажеме дека дошол животот и демократијата во Македонија.

За мене поголем проблем од парите кои се слеале или допрва ќе се слеат на сметката на овој изговор од телевизија, кој со години работеше во служба на режимот, сееше страв и омраза, бескрупулозно лажеше и манипулираше со јавноста, е фактот што ниту една власт или партија не смее да се однесува како приватна фирма.

Поголем проблем е тоа што тој „медиум“ се уште го водат мечки од пештери со гаќи од 500 евра и уредници кои се уште не одговараат за говорот на омраза во (според вашите толку ценети анализи и рејтинзи) најгледниот Дневник и отворените повици за линч на неистомислениците на не така далечниот режим.

Поголем проблем е што главен аргумент за оправданоста за слевање на толкава сума пари се користи тоа дека „СДСМ победи затоа што се рекламира на телевизијата на еден криминалец“ и бласфемичен изговор дека со ваквата постапка СДСМ испратила порака до меѓународната јавност за нормалното функционирање на демократијата.

Оправдана е реакцијата на сите критички настроени медиуми и граѓани кои се бореа против режимот што владеачката партија решила најмногу средства да издвои за тв-куќата која до вчера ја обвинуваше за водење на отворена пропаганда во корист на ДПМНЕ. Но редно време е да ги нарекуваме нештата со вистинското име.  Дали целта ги оправдува средствата е едно прашање, а сосема друго е констатацијата дека се е исто само актерите се сменети.

Тука некаде ќе го поставам и второто прашање. Како тоа ВМРО ДПМНЕ воопшто не платила реклами на Сител за вториот круг и дали само тоа јас халуцинирав дека ги емитуваат токму во најударниот термин? Или можеби, тука важи правилото од љубов сепак се живее?

Кутрите денеска дури и со соопштение излегле. Велат СДСМ не знае да го прикрие своето расипничко трошење, неспособност и безидејност во водењето на државата. Да! Знаеме… Нема подобри од нив во оваа дисциплина. Затоа, ако не знаете како да си ги потрошите парите, следен пат прашајте го ВМРО!

Да резимираме, рекламирање на национална телевизија за време на политичка кампања не е квантна физика, сè додека сме сигурни дека тие пари не се исплатени од буџетот. А поддршката на медиумите е нешто за што допрва треба да се договориме што сакаме. Ќе ја повторуваме историјата или конечно ќе ги ослободиме од канџите на криминалците и профитерите?

Tags: ВМРО-ДПМНЕкампањапарирасипништворекламиСДСМСител
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ