„Сите три синдикати на ‘Дневник’, ‘Вест’ и ‘Утрински’, денеска разговараа и ги доставија своите предлози. Одлучено е да се продолжи со штрајкот, во траење од шест часа, со тоа што нема да има протестни маршеви. Штрајкот ќе продолжи до петок, до кога ќе чекаме информации или, евентуално, исплата. Доколку тоа не се случи, ќе се радикализира штрајкот со други форми и ќе се преземат и други чекори“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Љубиша Станковиќ, претседател на синдикалната организација на „Утрински весник“.
Во саботата, сопственикот Срѓан Керим остварил средба со штрајкувачките одбори на трите весници, кои ја донесоа одлуката за штрајк во „Медиа Принт Македонија“. Како што информираше Станковиќ, средбата со Керим завршила без конкретни заклучоци.