„Веќе една година, градовите во Украина се гранатирани редовно од Русите, кои го прикажаа своето нечовечно лице преку напаѓање на цивили и внесување на ракетен терор врз цивилите и цивилната инфраструктура, оставајќи милиони Украинци без греење, вода и електрична енергија. Цела една година, Русија и руската армија и своите соработници вршат невидени воени дела, од депортации, киднапирање на деца за посвојување во Русија, убиство на жени и деца. Ова не смее да помине неказнето. Не смее да има неодговорност. Во овој контекст, Романија во целост ја поддржува Украина во своите обиди да побара одговорност за воените злосторства. Сите тие кои се одговорни за овие воени злосторства, мора да бидат одговорни во контекст на меѓународното право.“
Цитат од говорот на романската амбасадорка Адела Моника Аксинте на конференцијата „Украина: Година на хероизмот“.