Активистите на движењето на отпорот „Жолта лента“ подигнаа украинско знаме на планината Бојка на привремено окупираниот Крим, објави Движењето на Фејсбук, пренесува Укринформ.
„Го кренавме украинското знаме на Крим! Активисти на движењето Жолта лента го закачија знамето на Украина на планината Бојка на Крим. Со оваа акција сакаме да потсетиме дека Крим е украинска земја“, се вели во објавата.
Активистите додадоа дека ќе продолжат со протестот на неопределено време колку што е потребно.
„Денес знамето на Украина се вее над планина на Крим и наскоро ќе го видиме над сите административни згради на полуостровот, бидејќи Крим е Украина“, соопшти движењето.
Д. Мишев