• Latest

Албански медиуми: Брашно и јајца и врева во албанското Собрание; Косово може да остане надвор од ЕУ интеграциите; Србија го цензурираше настапот на Курти во ОН

February 9, 2024
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Брашно и јајца и врева во албанското Собрание; Косово може да остане надвор од ЕУ интеграциите; Србија го цензурираше настапот на Курти во ОН

February 9, 2024 10:57
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пред почетокот на собраниските седници во Албанија, пратениците на ДП исклучени од Етичката комисија, имаа вербална пресметка со вработените во гардата на влезот од Собранието, со фрлање брашно в лице на вработените во Гардата, пренесуваат албанските медиуми.

По неодамнешното незадоволство на меѓународната заедница кон косовските власти, ЕУ предупреди дека Косово може да остане надвор од европската интеграција.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Репортери: Брашно, јајца и врева во Собранието на Албанија, седницата траеше 20 минути

Седницата во албанското Собрание во четвртокот траеше околу 20 минути ,а исто како и во минатото беше проследена со врева и тензија. Иако во собраниската сала недостасуваа 23 пратеници, опозицијата продолжи со граѓанската непослушност, отежнувајќи ги дискусиите на дневниот ред.

Пред да започнат седниците, пратениците на ДП исклучени од Етичката комисија, имаа вербална пресметка со вработените во гардата на влезот од Собранието.

Дури и пратеникот на ДП, Фламур Нока, им фрлаше брашно в лице на вработените во Гардата, пренесе Репортери.

Топ Чанел: Специјалниот суд го отфрли барањето на Бериша да учествува на пленарните седници

Поранешниот премиер Сали Бериша нема да учествува во парламентот.

Ваква одлука донесе Антикорупцискиот суд, кој го потврди СПАК, кој претходно го одби барањето на поранешниот премиер да му даде дозвола и да го спроведе од куќен притвор на собраниските седници во четврток, пренесе Топ Чанел.

КОСОВО

РТВ 21: ЕУ предупредува дека Косово може да остане надвор од интеграциите

По неодамнешното незадоволство на меѓународната заедница кон косовските власти, ЕУ предупреди дека Косово може да остане надвор од европската интеграција.

Опозицијата во Косово оценува дека премиерот Курти со своите постапки го нарушува имиџот на Косово. Во меѓувреме, политичките аналитичари велат дека ЕУ продолжува да ја гали Србија, пренесе РТВ 21.

ЗЕРИ: Во Србија беше прекинат директниот пренос  кога Курти го започна својот говор пред Советот за безбедност

Синоќа во Њујорк за прв пат во рамките на Советот за безбедност имаше конфронтација меѓу Курти и Вучиќ.

Вонредниот состанок на Советот за безбедност на Организацијата на Обединетите нации (ОН) што го свика Србија во врска со забраната за циркулирање на српскиот динар на Косово, беше пренесуван во живо на Косово, додека во Србија беше цензуриран, пренесе Зери.

КОЛУМНА

Коха: Лекции од париските трактори

„Мора да ставиме крај на оваа идеја, дека во рамките на дијалогот, Косово нема да изгуби ништо, туку само ќе победи. Бидејќи европските земјоделци учат на потешкиот начин, нема лесни и идеални решенија во животот, пишува авторот Демуш Шаша во колумната „Лекции од парисктие трактори“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ