• Latest

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Евроинтеграциите главен приоритет за новиот албански министер за надворешни работи; Стејт департментот ги повика албанските власти на почитување на законите; Заедница на Албанците и во Прешевската долина

September 13, 2023
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Евроинтеграциите главен приоритет за новиот албански министер за надворешни работи; Стејт департментот ги повика албанските власти на почитување на законите; Заедница на Албанците и во Прешевската долина

September 13, 2023 11:33
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот Министер на Албанија,  за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, рече дека главен приоритет на министерството и понатаму ќе бидат евроинтеграциите, а Американскиот Стејт департмент испрати уште една порака до албанските власти во врска со случајот со градоначалникот на Химара, Фреди Белери, кој останува во притвор, пишуваат албанските медиуми.

Американскиот професор на Универзитетот „Џон Хопкинс“ Даниел Сервер посочи дека, бидејќи реципроцитетот е првото правило на дипломатијата, дека Заедница слично како што се бара од Косово, треба да се побара и од Србија за Албанците во Прешевската долина, пишуваат косовските медиуми.

Во продолжение се сите теми од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Ревиста- Новиот министер за надворешни работи на Албанија: Главен приоритет ќе бидат евроинтеграциите

„Министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, официјално ја презеде функцијата откако напладне положи заклетва пред претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.

Хасани, рече дека главен приоритет на МЕПЈ и понатаму ќе бидат евроинтеграциите, бидејќи истакна дека албанското претседавање со ОБСЕ и ангажманот во Советот за безбедност квалитативно ја зголемиле улогата на Албанија во меѓународната  арена“, пренесе Ревиста.

Балкан Веб – Стејт Департментот повторно реагира за случајот „Белери“: Очекуваме албанските власти да ги почитуваат законите во државата

Американскиот Стејт департмент испрати уште една порака до албанските власти во врска со случајот со градоначалникот на Химара, Фреди Белери, кој останува во притвор.

Според Стејт департментот, американската влада очекува да се почитува законот во случајот со Фреди Белери, пренесе Балкан Веб.

Газета Тема: Уставниот суд бара двојно повисоки плати од останатите во судството

„Предлог-законот што го подготви Министерството за правда, со предлог на самиот Уставен суд, предвидува платата на уставен судија да биде околу 644 илјади денари, додека на претседателот на овој суд околу 773 илјади. СИТЕ. Овој предлог-закон беше оспорен од некои членови на Комисијата како „нелогичен и неоснован“.“, пренесе Газета Тема.

КОСОВО

Газета Експрес: Уште една жртва е прифатена да биде дел од судскиот процес против Тачи и другите, вкупниот број достигнува 141

„Во Специјализираните совети на Косово во Хаг, во судскиот процес против Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селим и Јакуп Красниќи, уште една жртва е прифатена да учествува во судскиот процес, каде што досега вкупниот број жртви во овој случај достигна 141.“, пренесе Газета Експрес.

Инфокус -Сервер: И од Србија треба да се побара Заедница на Албанците  во Прешевската долина

Американскиот професор на Универзитетот „Џон Хопкинс“ Даниел Сервер вели дека Заедница слично како што се бара од Косово, треба да се побара и од Србија за Албанците во Прешевската долина.

„Реципроцитетот е првото правило на дипломатијата“, вели Сервер, пренесува Инфокус.

КОЛУМНА

Инсајдери: Дали е „добро да бидеш Албанец“, само на стадион?

„Всушност, никогаш не ми се допаѓал фолклорниот патриотизам што се расплетува на скалите на стадионите, каде според комерцијалниот модел на Дигиталб се пее за „најубавото знаме на светот“, каде на непријателските земји им се пцујат сестри, дури и кога тие воопшто не се дел од неа, трката каде што се пее химна на етнички чиста конструкција, која постои само во соништата на малцинството албански национални екстремисти.“, пишува авторот Анди Бушати во колумната Дали е „добро да бидеш Албанец“, само на стадион?, објавена во Инсајдери.

Подготви: Д. Тахири 

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ