• Latest

Албански медиуми: Почина адвокатот на Кадри Весели, сите рочишта за водачите на ОВК откажани за годинава; Косово потпиша договор со ЕУ за 1,56 милијарди евра за програмата „Граѓаните, еднаквоста, правата и вредностите“

December 12, 2023
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Почина адвокатот на Кадри Весели, сите рочишта за водачите на ОВК откажани за годинава; Косово потпиша договор со ЕУ за 1,56 милијарди евра за програмата „Граѓаните, еднаквоста, правата и вредностите“

December 12, 2023 11:37
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По веста за смртта на адвокатот Ендрју Стронг, бранител на поранешниот претседател на Собранието, Кадри Весели, судот на чело со Чарлс Смит одлучи да ги откаже сите седници закажани за годинава за најголемиот случај на Специјалниот суд.

Република Косово и Европската унија го потпишаа договорот за учество на Косово во програмата на ЕУ „Граѓаните, еднаквоста, правата и вредностите“. Вкупниот буџет на оваа програма за периодот 2021-2027 година изнесува 1,56 милијарди евра.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

РТВ 21: Поради  смртта на адвокатот на кадри Весели, откажани сите рочишта за оваа година за случајот со водачите на ОВК

По веста за смртта на адвокатот Ендрју Стронг, бранител на поранешниот претседател на Собранието, Кадри Весели, судот на чело со Чарлс Смит одлучи да ги откаже сите седници закажани за годинава за најголемиот случај на Специјалното.

Одлуката за откажување на рочиштата дојде по барање на адвокатот Бен Емерсон, бранителот на Весели, пренесе РТВ 21.

Зери: Косово потпиша  договор со ЕУ за учество во програмата „Граѓаните, еднаквоста, правата и вредностите“

Република Косово и Европската унија го потпишаа договорот за учество на Косово во програмата на ЕУ „Граѓаните, еднаквоста, правата и вредностите“. Вкупниот буџет на оваа програма за периодот 2021-2027 година изнесува 1,56 милијарди евра, во чии рамки бенефит можат да имаат сите земји-членки на ЕУ, како и земјите кои имаат право на учество, пренесе Зери.

Газета 10: Поранешниот командант на ОВК Хаџи Шала е испратен во Хаг

Хаџи Шала, поранешен командант на Ослободителната војска на Косово, е испратен во Хаг.

Неговиот адвокат Џевдет Смакиќи потврди дека поранешниот пратеник во Собранието на Косово во вторник наутро отпатувал за Холандија. „Топи“ пред еден ден беше уапсен од Специјализираниот суд на Косово, пренесе Газета 10.

АЛБАНИЈА

Досја ал.  – Скандал/Круемади: Велиај ги натера градежните компании да  платат за инсинераторот  60 милиони евра за почвите, но тие се депонирани надвор од него

Пратеничката на Партијата на слободата, Моника Круемади изјави дека градоначалникот Ерион Велиај ги натерал градежните компании да му платат на инсинераторот 60 милиони евра за земјиштето.

Круемади нагласи дека по потпишувањето на договорот за горење во Тирана, Општината презела активности кои ги принудиле сите градежници да платат за почвата произведена од изградбата да се излее во инсинераторот. Но, всушност, почвите беа депонирани надвор од градежната дозвола за горење, пренесе Досја. ал.

Клан ТВ: СП бара исклучување на 7 пратеници на ДП

Социјалистичката партија побара исклучување на 7 пратеници од опозицијата по хаосот и тензиите создадени на последната пленарна седница во Собранието.

Во писмото упатено до Етичката комисија, која носи потпис на 7 пратеници од мнозинството, овие бараат казнени мерки за демократите Ервин Салијањи, Луан Бачи, Аслан Доѓани, Бледион Налбати, Лефтер Гештења, Исуф Чела и Џељаљ Мзиу, пренесе Клан ТВ.

КОЛУМНА

Нистори: Србија врши етничко чистење во Прешевската Котлина, преку пасивизирање на адреси

Србија тивко , во тотален молк  спроведува јасна стратегија и со конкретни дејствија успева официјално да ги депопулира Медвеѓе, Бујановац и Прешево.

Во албанската покраина неправедно оставена под управа на Србија, во која спаѓаат Медвеѓе, Бујановац и Прешеоа, ние сме дискриминирани, бидејќи нашите адреси се деактивираат.

Ова е организирано државно етничко чистење, пишува авторот Рефик Хасани во колумната „Србија врши етничко чистење во Прешевската Котлина, преку пасивизирање на адреси“, објавена во Нистори.

Подготви: Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ