• Latest

Албански медиуми: Поранешна функционерка на ОБСЕ сведочи во судењето Тачи и другите; климатските промени, недостатокот на работна сила од емиграцијата ја загрозуваат албанската економија според извештајот на ЕК

December 11, 2023
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Поранешна функционерка на ОБСЕ сведочи во судењето Тачи и другите; климатските промени, недостатокот на работна сила од емиграцијата ја загрозуваат албанската економија според извештајот на ЕК

December 11, 2023 10:27
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Сандра Мичел, поранешна функционерка на ОБСЕ во Косово, 38-ми сведок, и денеска  ќе сведочи за организациската структура на ОВК.

Во Албанија, истрагите на Специјалното обвинителство за горилникот во Тирана, кои доведоа до издавање на 15 налози за апсење, открија низа неправилности во постапките што се следеа за доделување на концесијата на победничката компанија.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Газета Блиц: Поранешната функционерка на ОБСЕ на Косово го продолжува сведочењето во Специјалното обвинителство

Во Специјализираните совети на Косово (ДХСК) во Хаг денеска продолжува судењето на Тачи и другите. И денеска се очекува сведокот Сандра Мичел да продолжи со сведочењето.

Мичел, поранешна функционерка на ОБСЕ во Косово, 38-ми сведок, минатата недела го започна своето сведочење каде зборуваше и за организациската структура на ОВК, пренесе Газета Блиц.

Телеграфи: Лајчак најави одвоени средби со главните преговарачи Бислими и Петковиќ

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, најави дека се подготвуваат за следната рунда разговори во Брисел на ниво на главни преговарачи.

Иако се уште нема одреден датум, се очекува во овие важни дискусии да се соочат Бесник Бислими и Петар Петковиќ, пренесе Телеграфи.

Бота Сот: Граничен полицаец на Јариње починал на должност, започнати се истраги

Полицаецот Реџеп Сејдиу, кој работел на граничниот пункт во Јариње, починал во неделата додека бил на ноќна смена. Смртта на полицаецот е опишана како сомнителна и веќе се започнати истраги, пренесува Бота Сот.

АЛБАНИЈА

Албеу: Истрагите откриваат прекршувања и врски со инволвираните бизнисмени со инсинераторот во Тирана

Во Албанија, истрагите на Специјалното обвинителство за горилникот во Тирана, кои доведоа до издавање на 15 налози за апсење, открија низа неправилности во постапките што се следеа за доделување на концесијата на победничката компанија. Покрај законските прекршоци, речиси целата практика се спроведуваше во соработка со двајцата претприемачи Клодијан Зото и Мирел Мертири, корисници на концесијата, пренесе Албеу.

Албеу: ЕК- Климатските промени, недостатокот на работна сила од емиграцијата и падот на населението ја загрозуваат албанската економија

Европската комисија (ЕК) во најновиот нов извештај предупреди дека албанската економија следната година ќе се соочи со некои растечки ризици, кои доаѓаат од внатрешни фактори, како што се зголемените климатски ризици, проблемот што се создаде во недостатокот на работна сила како резултат на високата емиграција и пад на населението, пренесе Албеу.

КОЛУМНА

Бота Сот: Политичка употреба и доверба во социјалните медиуми и толеранција и различноста

„Додека студентите постигнуваат добри резултати во однос на политичкото знаење и довербата во институциите, гледаме дека тие не се пионери во користењето на социјалните медиуми за политички цели. Младите релативно малку го користат интернетот за да најдат или споделуваат политички информации.“, пишува авторот Али Хертица во колумната „ Политичка употреба и доверба во социјалните медиуми и толеранција и различноста“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири

 

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ