• Latest

Албански медиуми: Продолжуваат немирите во албанското собрание; 111 години вооружени сили на Албанија; Специјалното обвинителство ги ограничи контактите и комуникациите на Тачи, Весели и Селими

December 4, 2023
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Продолжуваат немирите во албанското собрание; 111 години вооружени сили на Албанија; Специјалното обвинителство ги ограничи контактите и комуникациите на Тачи, Весели и Селими

December 4, 2023 12:21
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во албанското собрание опозицијата и денеска продолжи со тензии, опозициските пратеници се судрија со гардата на влезот на Собранието, а тензиите се зголемија со почетокот на пленарната седница во 10 часот.

Специјализираното обвинителство, преку соопштение до медиумите, даде детали за ограничувањата што им ги изрече на тројцата обвинети во Притворот на Специјализираните совети – Хашим Тачи, Кадри Весели и Реџеп Селими.

Ова се само дел од содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Хаос во Собранието/ Пратениците од опозицијата се судрија со гардата, запален факел,  пленарната седница е затворена

Опозициските пратеници се судрија со гардата на влезот на Собранието, а тензиите се зголемија со почетокот на пленарната седница во 10 часот. Гардата бараше физичка контрола на демократите, а пратениците одбија со аргумент дека тоа е во спротивност со прописите на Собранието.

Додека десетици чувари ја опколија салата, пратениците од опозицијата повторно ги собраа столчињата, приговарајќи на нивното присуство. Дел од пратениците на опозицијата се судрија со редарите, додека Фламур Нока запали факел, пренесе Топ Чанел.

Визион Плус: 111 годишнина од создавањето на вооружените сили/ Бегај: Благодарност и понизност за жртвите на војниците

Претседателот на Републиката Бајрам Бегај упати честитка до вооружените сили на Албанија за 111-годишнината од формирањето.

Бегај во посебна порака на официјалниот Фејсбук профил вели дека вооружените сили се национална гордост кои успешно успеале да го држат знамето и името на Албанија, пренесе Визион Плус.

КОСОВО

Сури нет: Ограничени  контактите и комуникациите на Тачи, Весели и Селими

Специјализираното обвинителство, преку соопштение до медиумите, даде детали за ограничувањата што им ги изрече на тројцата обвинети во Притворот на Специјализираните совети – Хашим Тачи, Кадри Весели и Реџеп Селими.

Како што се наведува во соопштението, одлуката за ограничување на контактите е донесена откако Тачи, Весели и Селими се обиделе да манипулираат со исказите на сведоците, пренесе Сури нет.

Бота Сот: Продолжуваат истрагите за убиството на Лиридона Адемај

Портпаролката на обвинителството во Приштина, Лаурета Улај денеска изјави дека и покрај првичната изјава на сопругот на Лиридона Адемај дека тој е нарачателот на нејзиното убиство, не може да се соопштат дополнителни детали за да не се наруши постапката, пренесе Бота Сот.

Зери: По речиси 25 години стационирање, НАТО размислува за трајно засилување во Косово

Во 1999 година, тој интервенираше за да стави крај на војната во Косово. НАТО 78 дена по ред ги бомбардира целите на тогашната српска војска. По неговото повлекување од Косово, во јуни 1999 година, НАТО слета со својата мировна мисија КФОР, составена од повеќе од 50.000 војници.

Оттогаш, КФОР минатата година е намален на нешто повеќе од 3.700 војници. Денес брои над 4.600.Бројот на  војниците е зголемен оваа година, поради зголемувањето на тензиите на северот на Косово, населен со мнозинство Срби, пренесе Зери.

Бота Сот: Кисинџеровите гревови кон Косово

Каков беше ставот на Кисинџер за Косово?

Водејќи се со својата понекогаш контроверзна, а понекогаш и контроверзна политика од Камбоџа до Косово, Кисинџер продолжува да се смета како што беше за време на неговиот живот и сега по неговата смрт, голем и омразен, упатен и тенденциозен, пишува авторот Рамазан Бектеши во колумната „Кисинџеровите гревови кон Косово“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ