• Latest

Албански медиуми: Рударите од Трепча штрајкуваат; Сѐ уште тензично на северот на Косово; нови рации за Бањска; судско рочиште за Бериша

October 25, 2023

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Рударите од Трепча штрајкуваат; Сѐ уште тензично на северот на Косово; нови рации за Бањска; судско рочиште за Бериша

October 25, 2023 10:53
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 100 рудари на Трепча од вчера штрајкуваат за поголеми плати, здравствено осигурување и подобрување на условите за работа, како и за разрешување на раководството. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека трупите на НАТО во Косово неодамна се засилени со неколку стотици војници од Италија, Бугарија, Романија и Велика Британија, пишуваат косовските медиуми. Во Албанија, денеска започнува првата судска седница против поранешниот премиер Сали Бериша, во врска со приватизацијата на поранешниот комплекс Партизани, пишуваат албанските медиуми.

Ова се само дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Калѕо: Околу 100 рудари од Трепча штрајкуваат, поднесоа  три барања

„Околу 100 рудари во рудникот Стан Трг вчера  започнаа штрајк на хоризонтот 10.  Веста за KALLXO.com ја потврдија првиот човек на Синдикатот на работниците „Трепча“, Ибрахим Јанузи и в.д. Бујар Јашари. Според Јануз рударите имаат три барања.

Реализација на месечна плата навреме од датум: 06 – 10 [на почеток на секој месец]. Разрешување на раководството (главниот извршен директор) и здравственото осигурување и условите за работа“ – се вели во барањето на рударите. Во меѓувреме, на 23 октомври 2023 година, Владата на Косово предводена од Албин Курти за Трепча издвои 1,6 милиони евра.“, пренесе Калѕо.

РТВ 21 -Столтенберг за ситуацијата на северот: Сѐ уште има тензии

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на вчерашната прес-конференција рече дека е неопходно Приштина и Белград да се воздржат од дејствија кои можат да доведат до натамошна ескалација и враќање на дијалогот под покровителство на Европската унија.

Столтенберг нагласи дека трупите на НАТО во Косово неодамна се засилени со неколку стотици војници од Италија, Бугарија, Романија и Велика Британија, пренесе РТВ 21.

Коха: Нови рации на север за случајот Бањска

Косовската полиција започна акција и на северот на земјата, како дел од истрагата за случајот Бањска.

Како што потврди заменик директорот на косовската полиција на север, Ветон Елшани, акцијата се одвива во сите четири општини.

Полицијата веќе во неколку акции зазеде арсенал оружје на север, од терористичкиот напад во Бањска на 24 септември, пренесува Коха.

АЛБАНИЈА

Перископи: Денеска се одржува судската седница против поранешниот премиер Сали Бериша

Денеска околу 14 часот и 30 минути е планирано да се одржи рочиште против поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, кому му е одредена мерка „принудно појавување“ во врска со приватизацијата на поранешниот комплекс Партизани, пренесува Перископи.

РТШ: Девет полицајци во Ѓирокастро се суспендирани од должност, обвинети  се за злоупотреба на службената должност

Агенцијата за надзор на полицијата (Регион Валона-Ѓирокастер) денеска соопшти дека ја извршила одлуката на Основниот суд од општата надлежност на Ѓирокастро, дека ја определил безбедносната мерка „Суспендирање на вршење на должност или јавна служба. “ за 9 полицајци во близина на локалната Дирекција Ѓирокастро.

Според соопштението, тие се осомничени за сторени кривични дела „Злоупотреба на службена должност“ и „Помагање за илегално преминување на граница“. Истрагите покажаа дека во некои случаи, откако ги оставиле мигрантите во делвинскиот дел, тие биле превезувани против профит од други лица или пак патувале на албанска територија, пренесува РТШ.

КОЛУМНА

Бота Сот: „Преродбата“ на Енвер Хоџа, „ремек дело“ на Еди Рама!?

„Веќе одамна се подразбира, и целосно е јасно дека денес да се биде енверист, вечен фанатик, со Енвер во срцето или со маска на едрамист, „преродбеник“ или покровител, во АЛБАНИЈА значи да се биде ненормален човек, антиличност , антиалбанска, антикосовска, антинационална…! Доволно е да се потсетите на неколку факти од „планината“ со факти за неговата перверзност, монструозност и антиалбанист, до тој степен што може да ве доведе до сомневање дали навистина бил Албанец или чист Србин… Додека бил жив убивал, затворал, протерал повеќе Албанци отколку италијанските и германските освојувачи.“, пишува авторот Џеват Мустафа во колумната  „Преродбата“ на Енвер Хоџа, „ремек дело“ на Еди Рама!?“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири

 

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ