• Latest

Албански медиуми: Се спрема одземање на пратеничкиот имунитет на Бериша; без ослободување на Белери нема да се крене грчкото вето

December 20, 2023

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Се спрема одземање на пратеничкиот имунитет на Бериша; без ослободување на Белери нема да се крене грчкото вето

December 20, 2023 11:11
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија продолжува постапката против поранешниот премиер Сали Бериша за одземање на пратеничкиот имунитет поради вмешаност во приватизацијата на земјиштето на поранешниот спортски комплекс „Партизани“ во Тирана.

Грчкиот медиум „Прототема“ пишува дека без ослободување на Белери, грчкото вето нема да се надмине.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Перископи: Бериша пред  губење на пратеничкиот имунитет, опозицијата најави протести

Советот за мандатно-имунитети во Парламентот на Албанија по повеќе од 6 часа седница го одобри барањето на Специјалната антикорупциска структура (СПАК) за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот премиер Сали Бериша.

Одлуката на Совет го отвора патот за гласање на пратениците на пленарната седница, овој четврток (21.12) за одземање на имунитетот на поранешниот премиер Бериша и ставање на располагање на правдата да се испита во врска со сомневањата,  за вмешаност на неговата „пасивна корупција во соработка“ во приватизацијата на земјиштето на поранешниот спортски комплекс „Партизани“ во Тирана, пренесе Перископи.

Панорама: Прототема – „И покрај притисоците од ЕУ, Атина нема да се повлече“

Грчкиот медиум „Прототема“ напиша текст за односите Албанија-Грција, неодамнешните тензии меѓу двете земји поврзани со прашањето „Белери“, грчкото вето на преговорите, како и многу други прашања.

„Прототема“ пишува дека без разлика колку премиерот Рама се обидува да им изгледа добар на Европејците, Грција нема да отстапи ниту по притисокот од ЕУ.

Без ослободување на Белери, грчкото вето не може да се надмине, пренесува Панорама.

КОСОВО

Ораинфо: Безвизно движење од 1 јануари,  достапен и телефонскиот број за добивање информации

Од 1 јануари 2024 година, граѓаните на Косово ќе се движат слободно во Шенген зоната без да чекаат пред странските амбасади за да добијат виза.

Во врска со либерализацијата на визите, владината веб-страница Европска интеграција на Косово во последните недели дава различни информации, неопходни за граѓаните, пренесе Ораинфо.

РТК – Курти: Убиствата на деца во Косово се најстрашните злосторства на Србија

Премиерот на Република Косово, Албин Курти, изјави дека убиствата на деца на Косово се најстрашните злосторства во Србија, за време на изложбата  на фотографот Кораб Красниќи и кустосот Веса Сахатчиу, посветена на децата убиени, исчезнати и погодени од војната во Косово.

Курти понатаму рече дека оваа изложба отворена во Министерството за правда, покрај тоа што е посебен простор за комеморација, е и покана да размислиме за начинот на кој размислуваме и претставуваме загуба, индивидуална или колективна, пренесе РТК.

КОЛУМНА

Панорама: Идеологијата, Албанија, политичкиот хаос измеѓу

Албанија, во отсуство на одредени идеологии, е земја која не е едноставно хаотична, но која не му дава можност на нејзиниот едноставен граѓанин правилно да суди за безбројните проблеми што го опкружуваат напредокот на економијата, насоката на политиката, социјалните односи, недефинирани класи итн…, пишува авторот Бен Андони во колумната „Идеологијата, Албанија, политичкиот хаос измеѓу“, објавена во Панорама.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ