• Latest

Албански медиуми: Шпанија ги призна косовските пасоши, но не и независноста; состојбата во Косово може да ескалира; тројца албански државјани нападнати во Црна Гора

January 8, 2024

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Шпанија ги призна косовските пасоши, но не и независноста; состојбата во Косово може да ескалира; тројца албански државјани нападнати во Црна Гора

January 8, 2024 12:11
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По признавањето на косовските пасоши во Шенген зоната и од страна на Шпанија, од таму соопштуваат и ги разбиваат сите дилеми околу признавањето на независноста на Косово. Од шпанското МНР соопштија дека признавањето пасоши во никој случај не значи и признавање на Косово.

Тројца млади албански државјани пред два дена биле физички нападнати без причина од седум лица, тече истрагата за сторителите.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Зери – Шпанско МНР: Признавањето на пасошите во никој случај не значи признавање на Косово

Шпанското Министерство за надворешни работи во понеделникот соопшти дека косовските граѓани ќе имаат проблем легално да ги посетат земјата и другите шенгенски земји кои не ја признаваат независноста на Косово, доколку не се согласат да го признаат обичниот косовски пасош.

„Сите земји од Шенген зоната кои не го признаваат Косово, го прифатија користењето на  обичните косовски пасоши. Ова во никој случај не подразбира признавање на Косово“, изјави за Елена Алјарила Кортезон, портпаролка на шпанското Министерство за надворешни работи, пренесе Зери.

Клан Косова – Страднер: Ситуацијата во Косово е лоша, може да има ескалации

Советничката во Фондацијата за одбрана на демократијата Ивана Страднер зборуваше за ситуацијата во Косово по нападот во Бањска.

Страднер во интервју за црногорскиот весник „Побједа“ вели дека ситуацијата е многу лоша и дека може да се очекуваат дополнителни ескалации.

„Ситуацијата во регионот многу ме потсетува на хаосот меѓу Ерменија и Азербејџан. Во моментов ситуацијата во Босна и Херцеговина и Косово е многу лоша и може да се очекуваат дополнителни ескалации. Дали ова може да резултира со војна каква што видовме во 90-тите?

Не знам. Но, тоа не е ни потребно денес за да се постигнат другите цели на Москва и Белград.“, изјави меѓу другото Страднер, пренесе Клан Косова.

Газета Експрес: Каде најмногу се гради во Европа според Евростат? Косово и Албанија на првите две места

Се гради низ цела Европа и регионот, но во ниту една земја овој сектор не цвета како во Албанија и Косово.

Во неодамнешниот извештај за домување, Евростат ја измери големината на градежниот сектор за цела Европа. Ова мерење се врши преку бруто додадената вредност (БДВ[1]) генерирана од оваа економска активност како дел од вкупната БДВ (производство во економијата без даноци), пренесува Газета Експрес.

АЛБАНИЈА

РСЕ: Тројца албански државјани  физички нападнати во Црна Гора

Тројца млади Албанци беа физички нападнати во Црна Гора на 6 јануари. Според албанската полиција, инцидентот се случил околу 14 часот во местото викано Зеленика кај градот Херцег Нови.

„Тројцата албански државјани управувале возило со германски регистарски таблички и ненадејно без причина биле нападнати од група од шест или седум лица, кои прво удриле во возилото, а потоа физички ги нападнале албанските државјани, при што им нанеле повреди физички повреди на различни делови од телото“, соопшти полицијата во Албанија.

Во соопштението се вели и дека тројцата албански државјани се приведени во локалната полиција во Херцег Нови, каде им била укажана лекарска помош од судска медицина, која констатирала повреди предизвикани од физички удари.

Првично тројцата Албанци одбиле да пријават, бидејќи од нив побарала црногорската полиција. По интересот на албанските власти, беше прифатено пријавата да се направи само во присуство на адвокат, што им беше ставено на располагање од албанската амбасада во Црна Гора, пренесе Радио Слободна Европа.

КОЛУМНА

Инфошќип: Лесно е да се биде Албанец во Косово, но не и во Санџак

Бев изложен на разни маки, разни замки, но со Божја помош излегов со чист образ со надеж дека еден ден ќе постигнам се што имам денес.

Храброста и љубовта кон татковината е дар од Бога, не ми ја дадовте, со неа сум родена, лесно е да си Албанец во Косово и да зборуваш за Санџак, но дојди во Санџак, кажете што реков пред 11 години и ќе видите какви маки преживеав“, пишува авторката Амина Нурај во колумната „Лесно е да се биде Албанец во Косово, но не и во Санџак“, објавена во Инфошќип.

Подготви: Д. Тахири

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ