• Latest

Албански медиуми: Во албанскиот парламент повторно тензично; последниот збор за Заедниците е кај Уставниот суд; ЕК посочува слабости во менаџерската одговорност во Косово; Македонските Албанци мнозинство во затворите?

November 9, 2023
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

Албански медиуми: Во албанскиот парламент повторно тензично; последниот збор за Заедниците е кај Уставниот суд; ЕК посочува слабости во менаџерската одговорност во Косово; Македонските Албанци мнозинство во затворите?

November 9, 2023 12:45
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Една недела по тензичните седници, албанскиот парламент денеска започна со заседавање, повторно со попречување на работата од страна на опозицијата. Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер  на прес конференција повтори дека нацрт предлогот за Заедницата  е составен да биде во согласност со уставната рамка на Косово и дека нема да има извршни овластувања.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: Албанскиот парламент заседава една недела по тензиите и судирите во салата, пратениците од опозицијата пуштија чад  додека Никола ја почнува седницата

Парламентот на Албанија повторно заседава денеска . Седницата започна 10 часот, а додека претседателката на Собранието Линдита Никола ја започна пленарната седница со читање на предлог законите кои ќе бидат ставени на гласање, пратениците од опозицијата пуштија чад во салата за да ја оневозможат седницата, пренесува Балкан Веб.

Индекс онлајн: Денеска е „отстранета“ границата Косово-Албанија-Црна Гора, се приклучува Проклетије

Договорот што ќе биде потпишан денеска ќе ги обедини планинските венци Плав и Гусиње, Тропоја, Јуник и Дечан. Целта на меморандумот за соработка е Проклетија да се прогласи за национален и меѓународен парк, пренесе Индекс Онлајн.

КОСОВО

Репортери – Ховениер: Нацрт предлогот за Заедницата е целосно во согласност со Уставот, нема извршни овластувања

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џефри Ховениер, на прес-конференција зборуваше за нацрт предлогот за Заедницата на општините со српско мнозинство, претставен од Западната петорка на 21 октомври.

Ховениер повтори дека овој нацрт е составен за да биде во согласност со уставната рамка на Косово и дека нема да има извршни овластувања, пишува онлајн весникот Репортери.

Сепак, Ховениер рече дека Уставниот суд е тој што ќе го каже последниот збор за овој предлог-статут.

Сури нет: Курти дел од вечерата со шефовите на државите учесници на Форумот за мир во Париз

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа отпатува за Франција, за да учествува на мировниот форум организиран во француската престолнина Париз.

На покана на претседателот на оваа земја, Емануел Макрон, кој и ќе го отвори форумот, Курти во четврток вечер ќе биде дел од вечерата со шефовите на држави и влади кои учествуваат на овој Форум, пренесе Сури нет.

РТВ 21 – Извештајот на ЕК за Косово: Менаџерската одговорност останува предизвик

Ефективното спроведување на менаџерската одговорност останува предизвик за буџетските корисници и на централно и на локално ниво. Косово треба да обезбеди континуирано спроведување на меѓународните стандарди за внатрешна ревизија и подобро да ги делегира овластувањата за управување на јавните субјекти.

Ова се наведува во извештајот на Европската комисија за Косово, каде, меѓу другото, се фокусира на внатрешната и надворешната ревизија, фалсификуваните пари, финансиската контрола, како и заштитата на финансиските интереси на ЕУ, пренесува РТВ 21.

КОЛУМНА

Шќипмедиа: Македонските Албанци се мнозинство и „привилегирани“ само во затворите!

Медиумите пишуваат дека со измената на Кривичниот законик од затвор ќе куртулат многу македонски главни крадци и нивните албански „помошници“, коментира авторот Ким Мехмети во однос на известувањата на медиумите дека со новиот Кривичен законик, од затвор ќе се спаси поранешниот премиер и актуелен бегалец, Никола Груевски.

„Од кај знаеш, бидејќи „Сашовци и Грујовци“ не знаат албански јазик, нема каде да ги сместиш во пренаселени со македонски Албанци затвори.

Во овие затвори каде што речиси и да нема Македонци и каде што „жителите“ зборуваат само албански, нема да имаат со кого да разговараат на својот македонски јазик!

Тогаш, дали навистина некој би бил толку наивен да се надева дека Албанците од македонските влади се таму за да ги спасат своите сонародници осудени на доживотен затвор преку монтирани судски процеси?!“, пишува Ким Мехмети во колумната „Македонските Албанци се мнозинство и „привилегирани“ само во затворите!“, објавена во Шќипмедиа.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ