• Latest

Алити: Ако сакаме во ЕУ треба да се ослободиме од моќниците!

July 9, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Алити: Ако сакаме во ЕУ треба да се ослободиме од моќниците!

July 9, 2018 11:22
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефки Алити, потпретседател на Асоцијацијата за рударство при Стопанската комора на Македонија на конференцијата Македонски перспективи: Како до Европа?, во организација на ЦИВИЛ и МЦМС, говореше за бизнис климата во земјата, предизвиците кои не очекуваат во наредниот период до пристапните преговори, како и за условите кои Македонија мора да ги исполни за да стане дел од европското семејство.

„Ако е тоа желба најголема во Македонија, тоа е на нас бизнисмените, за да бидеме Европјани. Меѓутоа, патот е многу тежок. Беше многу тежок. Јас ќе се навратам на 1992-1993 година кога пред мои очи прочуениот Тодор Петров ги нареди шлеперите во Гевгелија и ја затвори границата со Грција. Тоа беше пред мои очи. И оттогаш ние ги растуривме односите со Грција, со нашиот сосед.

За да ги решиме ние овие проблеми треба реално да ги согледаме потребите на бизнисот. Да ги согледаме потребите на странските инвеститори да дојдат овде, затоа што тие се изгубија. Значи последните 3-4 години економските зони ни останаа без фабрики. Повеќе не градиме фабрики. Истото се случува и во Албанија. Можеби имаме премногу сличности па ни се случуваат истите работи. Значи имаме многу потешкотии во врска со бизнисот.

За да влеземе во ЕУ ние треба да имаме автопат кон Бугарија, кој го немаме, да имаме автопат кон Ќафасан, а не кон Охрид. Косово го донесе автопатот до граница, ние 12 километри не можеме да ги направиме веќе 5-6 години. Ние со години молчиме и што правиме? Уште полошо… го криеме проектот кој го изготви Гранит на ниво на изведбен проект со геологија, со се и велиме нема проект. А се платија 10 милиони долари уште пред 10 години. Значи, без овие патишта не можеме да влеземе во Европа.

Понатаму, ние имаме страшни потешкотии со администрацијата. Без добар шалтерски систем нема странски инвестиции.

Ако сакаме да одиме во Европа треба да се ослободиме од моќниците како Тодор Петров, моќниците кои го организираат Сопот, Монструм, Диво Насеље, Бродец и така натаму… Тие моќници се уште се присутни“, истакна во својот говор Алити.

Tags: ЕУконференцијаМакедонијаНАТОперспективиЦивилШефки Алити
Share24TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ