Државната комисија за спречување на корупција, вчера одржала седница на која членовите се произнеле по барањето за мислење од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, околу разрешувањето на Јавниот обвинител, Марко Зврлевски. Комисијата едногласно одлучила дека разрешување на функционер е спротивно на законот?!
Мислењето на Комисијата е доставено до Собранието.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, пак, неколку пати нагласи дека мислењето на Комисијата не е релевантно за расправата на Собранието. „Јас немам намера, како претседател на Собранието, да се обраќам на каков било друг орган кој ќе кажува како јас треба да работам, кога тоа јасно го кажува Деловникот и Уставот. Антикорупциската комисија е дел од извршната власт и таа не може да дава препораки на законодавната власт. Ако имате дилема, може да побарате автентично толкување на законот“, истакна Џафери.