Бахамите, малиот карипски архипелаг, официјално ја признаа независноста на Република Косово, соопштија косовските и бахамските власти. Ова признание е направено во петок, 19 декември 2025 година, и претставува нов важен дипломатски чекор за Косово во меѓународната заедница.
Бахамите станаа 121. држава која ја призна Република Косово како самостојна и суверена држава. Признанието и усстановувањето дипломатски односи беа потврдени со заедничка декларација, потпишана од претседателката на Косово, Вјоса Османи, и премиерот на Бахамите, Филип Дејвис.
Според заедничката изјава, двете држави се обврзуваат да изградат конструктивен однос базиран на меѓусебно почитување, политички консултации, соработка во трговија и инвестирање, образование, култура и други области.
Претседателката Османи оваа одлука ја оцени како историски момент за државата. Премиерот Албин Курти рече дека 2025 година е „година на нови признанија“ и дека Косово стекнува нови партнерства и можности за соработка.
Српското Министерство за надворешни работи остро ги осуди Баамските чекори, тврдејќи дека признанието јa еродира меѓународниот правен поредок и е непогоден едностран потег што може да ја загрози нормализацијата на дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Косово прогласи независност од Србија во февруари 2008 година, а од тогаш признавањето од страна на други држави се смета за важен показател за консолидирање на меѓународниот статус на државата. Признанијата, и покрај континуираните спорови со Србија и некои други држави, продолжуваат во последните години, а 2025 е забележана како година со зголемен број нови поддржувачи.
















































