• Latest

Битола: Ќе дишеме или ќе издишеме?

December 28, 2017
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Битола: Ќе дишеме или ќе издишеме?

December 28, 2017 09:34
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Битола, 26 декември… 692 микрограми ПМ10 честички на метар кубен е загадувањето во 21 часот, како што покажа мерната станица Битола 1. Апликацијата МојВоздух покажува дека мерната станица Битола 2 во последните 22 дена покажува ниво на загаденост на воздухот над дозволената граница, односно дека воздухот има над-нормално загадување. Иако Битола како град се соочува со овој проблем со години наназад, сѐ уште не е преземен ниту еден чекор за справување со аерозагадувањето. Бројот на граѓани во Битола со канцерогени заболувања рапидно расте, а надлежните и натаму „најавуваат“ преземање на мерки за справување со аерозагадувањето.

Пред една година, на 23.12.2016, на седница на Советот на Општина Битола, тогаш како координатор на опозицијата во Советот, а сега градоначалничката Наташа Петровска, во име на тогашната опозиција предложи краткорочни мерки за справување со аерозагадувањето.

„Краткорочни мерки: Обезбедување на посебен режим на сообраќај во критичните денови за централно градско подрачје (дотур на стоки во продавниците во некритични часови); Обезбедување на бесплатен превоз за сите ученици независно од оддалеченоста од местото на живеење до училиште во критичните денови; Намалени работни саати за работниците на отворено; Ослободување од работа на ранливите категории во критичните денови како на пример, бремени жени“

Битола, 26.12.2017

Измина една година. Тогаш мерките не беа прифатени од советниците од власта, но вакви мерки не се донесени ниту сега, откако дојде до промена на владејачката структура во Битола. Исто така, вредно е да се забележи дека Битола има само ЕДЕН инспектор за животна средина.

На седницата на битолскиот Совет на која се носеше предлог-буџетот за 2018-та година, советникот од независната листа „Поинаку“, Иван Чулакоски, побара вметнување на точка на дневниот ред која би гласела „Донесување на предлог заклучок за отпочнување на постапка на територијата на Општина Битола за организирано собирање на 10.000 потписи потребни за поднесување на предлог закон за заштита и намалување на влијанието врз човековата и животната средина од енергетскиот комбинат АД ЕЛЕМ Скопје, подружница РЕК Новаци до Собрание на Република Македонија“.

Со овој заклучок Општина Битола би се обврзала да формира работна група составена од претставници од повеќе релевантни институции на локално и централно ниво, како и експерти од оваа област, кои би ја подготвиле и спровеле целокупната постапка за поднесување на предлог законот за заштита и намалување на влијанието врз човековата и животната средина од енергетскиот комбинат АД ЕЛЕМ, подружница РЕК Новаци, до Собрание на Република Македонија и да го утврди нацрт текстот на предлог законот.

Сепак, наспроти очекувањата овој заклучок да биде усвоен едногласно, дури 18 советници беа воздржани, додека само 13 гласаа „за“. Предлог-заклучокот е доставен во писмена форма на разгледување и можеби ќе биде ставен на гласање на некоја од идните седници.

Битола, декември 2017 – 22 дена загадување во континуитет

Од мнозинството во битолскиот Совет велат дека во тек е подготовката на краткорочните мерки, а нивното имплементирање „ќе започне во најскоро време“. Се најавува дека тоа ќе биде на наредната седница на Советот, која сѐ уште не е закажана и повеќе од сигурно е дека тоа ќе биде во 2018-та година, а дотогаш Битола и натаму ќе се „гуши“.

За решавање на овој горлив проблем, се чини, има „слух“ токму кај централната власт.

На 31 август годинава, премиерот Зоран Заев се сретна со претставници од граѓанското движење „За нас се работи“ од Битола, на која беа изнесени проблемите со загадувањето од РЕК Битола на градот Битола и пелагонискиот регион, поткрепени со бројни показатели од претставниците на граѓанската иницијатива, кои потенцираа дека овој проблем веќе со години е причина за зголемена смртност и бројни заболувања.

Потоа, на 7 септември, имаше средба во РЕК Битола на директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски со граѓанските здруженија, советници и раководството на РЕК, на која тогаш невладините организации добиле ветување дека по изборите ќе почне да се решава проблемот со депонирање на пепелта од РЕК.

На оваа тема претходно годинава, експерти од Биотехничкиот факултет од Битола и Природномaтeматичкиот факултет од Скопје, вклучени во истражувањето „ТЕРА МЕД“ за загаденоста на воздухот околу РЕК, дојдоа до заклучок дека пепелта која се депонира на отворено во РЕК Битола го загадува воздухот со тешки метали и радиоактивни елементи.

Најголемата база на информации собрани од корисници кои даваат информации за градови и држави во светот – Numbeо, во првата половина на 2016-та година покажа дека Битола беше најзагаден град во Европа!

Едно е сигурно и јасно, Битола и битолчани веќе немаат време за чекање. Болестите кои демнат не знаат за „подготовка за имплементација на краткорочните мерки“.

Марјан Николовски

Tags: аерозагадувањеБитолавладаЗоран ЗаевИван Чулакоскиканцерогени болестимеркиопштина
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ