• Latest

Борба меѓу модерните политички опции и деструктивниот национализам

January 25, 2018

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Борба меѓу модерните политички опции и деструктивниот национализам

January 25, 2018 13:29
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Демократската јавност во Македонија и Грција ја поздравија првата средба меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, на која двајцата премиери во изразито пријателска атмосфера ги искажаа своите искрени намери да го решат повеќедеценискиот спорт меѓу двете земји.

Средбата меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос, за време на Светскиот економски форум е вовед во една нов, модерен начин на водење политика. Средба на која двајцата премиери манифестираа лидерска храброст и визионерство, ослободени од чаурите на назадното мислење и деструктивните практики на просечните балкански политичари.

„Крајното решение мора да биде прифатливо за двете страни. Решението мора да биде во заштита на националното достоинство и идентитет на нашите народи. Објавувам дека ќе го смениме името на аеродромот и автопатот. Автопатот ќе се вика Пријателство“, рече премиерот Заев на средбата.

Во меѓувреме, националистите не мируваат. По солунскиот, се најавува нов протест и во Атина, на 4 февруари, против компромисно решение на спорот за името со Македонија. Овие најави доаѓаат по протестите во Солун на 4 февруари, на кој учествуваа околу 90.000 луѓе, според официјални податоци од грчката полиција. Протестот во Солун беше оценет како неуспешен, особено ако се земе предвид дека протестот против името на Македонија во 1994 година привлече најмалку двојно повеќе луѓе на улиците на Солун.

Но, состојбите се променети. Грчкото општество со години е потресено од тешки економски проблеми и кревка политичка состојба, зачинета со силни дози национализам и ксенофобија. Од друга страна, просечниот грчки граѓанин или граѓанка има многу посериозни секојдневни грижи, отколку да се занимава со прашањата кои националистите меѓу политичарите и свештенството се обидуваат да ги наметнат во јавниот дискурс.

Нашиот соработник, грчкиот фоторепортер Александрос Стаматиу, кој напиша неколку ексклузивни прилози во изминатите неколку дена, меѓу кои и разговорот со генералот во пензија Фрагулис, во разговор со ЦИВИЛ Медиа сподели: „Граѓаните на Атина не веруваат дека тоа ќе биде голем протест. На социјалните мрежи во Грција многумина пишуваа подбивно за протестот, велејќи дека ‘Солун го украде карневалот од Патра’ и го нарекоа националистички кич“.

Според нашиот соработник, на протестот во Атина се очекуваат и антинационалистички протести во организација на левичарите и помали вонпарламентарни партии.

Пензионираниот генерал Фрагос Фрагулис, кој за ЦИВИЛ Медиа изјави дека „сега е време да ја зачуваме нашата Македонија“ е типичен претставник на националистите. Стаматиу, инаку одличен познавач и на македонските прилики, иронично забележа: „Тој кокетира со сите, и со Златна Зора и со расцепканата Неа Демократиа. Во Македонија имате ликови како Бетмен и Јанко Бачев, а во Грција тоа е Фрагос Фрагулис“.

Во периодот што ни претстои, ќе се одмеруваат силите меѓу визионерските, модерни политички опции и деструктивните, изолационистички и националистички тенденции.

Џ. Дерала

Tags: ГрцијаЗаевМакедонијанационализамрешенијаФрагулисЦипрас
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ