Четири лица беа повредени за време на вчерашниот протест на опозицијата во Тирана, како резултат на насилството и фрлањето молотови коктели кон полицискиот кордон и пред портите на кабинетот на премиерот,објавија албанските медиуми.
Еден граѓанин и еден фотограф и двајца полицајци беа повредени за време на митингот. Неколку минути откако демонстрантите го напуштија плоштадот пред кабинетот на премиерот, таму пристигна форензичката полиција и постави ленти со натпис „место на злосторството“.
Неколку часа експертите фотографираа и ја снимаа штетата предизвикана од експлозиите на молотови коктели.
Полицијата даде детали во врска со лицата приведени во врска со протестот одржан вчера пред кабинетот на премиерот.
Од полицијата известуваат дека четири лица се уапсени, а седум други се гонети, откако фрлале молотови коктели и им се спротивставиле на полицајците за време на вчерашниот протест.
Д. Т.
















































