• Latest

Д-р Бранко Блажевски: По глава на жител, Скопје има поголем број на приватни клиники од Дубаи!

April 13, 2017

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

April 16, 2026

Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

April 16, 2026
Ерол Ризаов

Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

April 16, 2026

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
Креирано со помош на ВИ

РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

April 15, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

April 15, 2026

Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

April 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ОПШТЕСТВО

Д-р Бранко Блажевски: По глава на жител, Скопје има поголем број на приватни клиники од Дубаи!

April 13, 2017 12:26
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„И да се прифати целосно нова стратегија за македонското здравство, новата власт ќе се соочи со најголемиот проблем – отпорот од многу моќни компании и многу моќни поединци, чии бизнис-интереси ќе бидат засегнати, а кои се претенденти за колачот од околу 360 – 400 милиони евра кои годишно се слеваат во Фондот за здравствено осигурување“, тврди неврохирургот д-р Бранко Блажевски, стручњак со над дведецениско искуство во операционите сали во државата и во странство. Тој е скептичен дека „на новиот министер за здравство, по денот кога ќе биде избран, веќе утредента ќе му бидат ‘извадени забите’, само ако се обиде да ‘грицне’ нечиј интерес“

Во вториот дел од интервјуто за ЦИВИЛ Медиа, д-р Блажевски зборува за ургентните чекори што мора да ги преземе новиот министер за спас на девастираното јавно здравство – скенирањето на состојбите, изготвувањето на националната стратегија и на нова организација на системот на здравствена заштита, за неопходната регионализацијата, како и за политичката волја и политичката пропаганда за ефтини, наспроти квалитетни здравствени услуги…

ЦИВИЛ Медиа: Со оглед на состојбата во која се наоѓа македонското здравство, кои се вашите препораки? Што најургентно треба да се направи?

БЛАЖЕВСКИ: Јас мислам дека новиот министер, се разбира со поддршка од премиерот, мора веднаш да состави комисија, која во рок од една недела (значи да не правиме комисии кои ќе работат долго време, а на крај резултатите ќе бидат „двосмислени“) мора да ги сумира и да ги скенира состојбите, да види со каков персонал и опрема располага. Тоа мора да се знае! Во меѓувреме, мора да се изготви и национална стратегија и да видиме, според популацијата која ја имаме, кои области ни се потребни и кои се најмногу загрозени. Мораме да поставиме една нова организација на здравствениот систем, која е прифатена секаде во светот. Реков, организационо, ние сме уште во 1970-тата. Значи, на една клиника има сè и сешто и тоа самото од себе – продуцира неквалитет. Јас верувам дека податоците ќе бидат до кои ќе се дојде, ќе бидат поразувачки!

Најпрвин, на полето на персоналот. Новиот министер мора првото утро во канцеларијата, во седум часот, да распише минимум 300-400 специјализации, за да може да се покријат сите области кои моментално постојат, и тоа, без оние кои треба дополнително да се развијат, поспецифичните области. Како тоа ќе го направи не знам, меѓутоа, тоа е работа која мора итно да се направи. Во втор план, ќе мора да се реши состојбата на здравствените работници. Зашто, тие специјалисти, се разбира ако ги добиете за пет години, и ако пресметате дека им треба минимум десет години за да можат самостојно да работат, мора да се задржат во државното здравство, во период од најмалку 15 години. Но, ако одите со овие плати, тоа се фрлени пари и изгубено време, затоа што тие, во моментот кога ќе завршат со специјализацијата, ќе го напуштат државното здравство и ќе бидат нова погонска сила за приватното здравство!

Друга работа е реорганизацијата, која мора да биде работа на стручна комисија во содејство со секциите при Македонското лекарско друштво, за секоја област. И секоја област мора да биде нормирана. Сега, секоја болница има директор над кој нема апсолутно никаква контрола и тој може да работи што сака, секогаш воден од помислата дека може да стигне до набавка на ултраскапа опрема. Значи, многу е лесно во една болница да купите опрема од три или четири милиони евра, со искористеност од 10%, само за да се стигне до таа замислена, идеална позиција, да може да дојде до некоја провизија. Оној момент кога ќе се направи вистинска национална стратегија, ќе се види кои области ќе се развиваат, каква опрема ќе се купува, така што, директорите во тој дел може да прават само организација. Тие нема да можат да учествуваат во ширењето на болници и клиники, без тоа да има некаква поддршка.

ЦИВИЛ Медиа: Можна ли е децентрализација, регионализација на јавното здравство?

БЛАЖЕВСКИ: Во 1991 година организиравме штрајк на здравствените работници во Битола, јас бев претседател на Штрајкувачкиот одбор, и ние уште тогаш предвидовме што ќе се случи и сево ова што нè снајде. Уште тогаш, тврдевме дека Скопје не може да биде центар на целото здравство во Македонија, а сè друго да се маргинализира. Значи, Скопје сега е центарот на македонското здравство, но сè друго е уништено. Мора да се почне сè одново. Она што Македонија мора да го направи моментално – е токму регионализацијата. Значи, мора да има и еден центар во Битола, еден во центар во Штип, да има еден центар за западна Македонија, нека биде и Тетово, иако јас лично повеќе би преферирал тоа да биде Гостивар, заради поставеноста и комуникациите. И тие центри мора да бидат комплетно, или барем приближно опремени, за да може да се покрие секундарната заштита, а за терцијарна, се разбира, ќе се оди во Скопје.

На социјалните мрежи многу се полемизира за проектот „Мој термин“. Јас лично сметам дека тоа е исклучително добра и паметна работа, оти во време на масовни комуникации, тие мора да се искористат за да се направи ред во прегледите, при што докторот ќе може да си го планира и своето време и времето на персоналот кој работи со него. Меѓутоа, во Македонија проектот е засаден на лоша почва и резултатите се катастрофални. Овој проект може да се спроведе и ќе успее во Србија, на пример, а кај нас е тотален колапс. Зошто? Затоа што нема регионализација. Од 1992 година кога бев во битолската болница, ниту една нова област не е воведена таму. Значи, во Битола има општа хирургија, абдоменална хирургија, но откако ќе се воведе и пластична, торакална, васкуларна хирургија, во тој контекст, системот на „Мој термин“ ќе функционира. Пациентите кои се од околината, нема потреба да доаѓаат во Скопје, зашто проблемот ќе го решат во Битола, на речиси исто ниво, како во Скопје. Нормално, ако е нешто покомплицирано, од Битола ќе биде пратен пациентот, на повисокото ниво, каде што треба поголемо искуство, повеќе знаење и тимска работа.

Со поставувањето на тие три региони, тие меѓусебно ќе имаат и компетиција. Вака, Скопје е „бог и батина“ за медицината во Македонија, сето останато е крш, па сите пациенти гравитираат кон Скопје, и тука настанува тотален хаос. Не профитираат ниту пациентите, ниту докторите. А сето тоа може да се среди, но треба прво, да се има малку визија, и второ, да се има волја и насочници. Да знаеме што сакаме да направиме во здравството во првите пет години. Да не звучи како „петолетките“ во поранешна Југославија, но тоа апсолутно е потреба.

ЦИВИЛ Медиа: На прв поглед, изгледа дека е можно и спроведливо… Каде и од кого се очекуваат најсилните отпори и пречки?

БЛАЖЕВСКИ: Не, сигурно не е и нема да биде лесно. Ако сето ова, како стратегија, се прифати, се доаѓа до најголемиот проблем – отпорот од многу моќни компании и многу моќни поединци чии бизнис-интереси ќе бидат засегнати, а кои се претенденти за колачот од околу 360 милиони евра кои годишно се слеваат во Фондот за здравствено осигурување. Тука ќе има многу големи проблеми и јас мислам дека само цврстата политичка волја и јасната решеност да се опстои и успее, може да изнедри јасен концепт, преку спротивставување на досегашниот принцип на работа. Сега, се стекнува впечаток дека Фондот за здравствено осигурување претставува партиска каса за решавање на проблемите на актуелната партија на власт. И тоа никој не го дава, затоа што таму, со сите загуби што ги прават, има 360, па дури и 400 милиони евра, и никој не сака да се откаже од тоа. Таму има партиски вработувања, потоа, секој директор си купува опрема, според тоа колку е поблизок со партијата која е на власт, без јасна стратегија и огромен дел од парите се одливаат во недефинирани односи.

Од друга страна, Скопје има поголем број на приватни клиники од Дубаи, по глава на жител и сите тие функционираат! Тоа не се клиники каде што има стационарна, интерна медицина, таму имате болници со неврохирургија, со кардиохирургија кои се исклучително скапи и сите тие функционираат во најсиромашната држава во Европа, каде што просечна плата е 150 евра! Словенија има десет пати поголем буџет за здравството, но приватни болници за кардиохирургија, неврохирургија, немаат ниту помисла да прават. Знаете зошто? Затоа што таму има контрола на парите кои излегуваат од ФЗО. А во Македонија сè оди според принципот – кој попрво до девојката, нему девојката: кој попрво до парите – тој ќе ги земе, без никаква контрола. И нема никаква стратегија, освен системот да се затне некоја локална дупка, колку да продолжи да плови бродот…

А Македонија е и Елдорадо за странските доктори. Десетина милиони евра годишно, тоа е голема пара. Има и лекари кои немаат абер, ниту еден збор не знаат македонски, а лечат пациенти, што е непоимливо на друго место. Секако дека лиценци може и треба да се издадат заради стручноста на дел од лекарите, но тоа е таква врвулица од лекари, за која нема никаква контрола. И сите претендираат на тој колач од 300-400 милиони евра. И сите се задоволни. Освен пациентот, кој прво плаќа во Фондот за здравствено осигурување, па во државните клиники, на секои 10 метра во тие лавиринти, некој го кубе и му зема пари. И, на крајот, пак мора да оди во приватната болница! Значи, тоа се огромни пари. Јас верувам дека годишно и до една милијарда евра се изгубени, а квалитетот на здравствената услуга која што е најбитна, е апсолутно, на самото дно на Европа! И онаа болшевистичка изјава дека Македонија ќе има бесплатно здравство – е катастрофа! Никаде во светот, никој не бара бесплатно здравство, тоа е невозможно, сите претендираат на квалитетно здравство. А квалитетното здравство е исклучително скапо.

ЦИВИЛ Медиа: Значи, неопходна е реорганизација од корен?

БЛАЖЕВСКИ: Неопходна ни е добра, комплетно нова организација! Не реорганизација, затоа што во јавното здравство во Македонија, сега нема никаква организација. Но, може да се постават основи на еден систем што полека ќе почне да ги задоволува потребите на жителите и што во наредните 15 до 20 години, ќе може да се вброи во современ систем кој нема да продуцира загуби и лоши медицински резултати, туку напротив. Пак да повторам, Македонија сега има организација од 1970 година! Не постои клиника во светот, која се бави истовремено со патологија и со траума. Прво што треба да се направи е да се седнат трауматолозите и да се направи проект за Клиника за траума, и таквите случаи да бидат иселени од останатите клиники. Ние имаме ургентна потреба и од објект каде што ќе се сместат пациентите со хронични коми, за да преместат од клиниките и да се намали опасноста од инфекции, како и да им се олесни на семејствата. Сè може да се организира, но уште еднаш ќе повторам, мора да има политичка волја за совладување на пречките. 25 години по осамостојувањето, Македонија има две приватни кардиохирургии, а ниту една државна! Односно, формирана е, но со еден единствен македонски кардиохирург. Па зарем, во 25 години не можевме да создадеме тим од кардиохирурзи? Можевме да имаме елитна кардиохирургија, но и тоа зависеше и зависи од моќните групи.

Да не бидам скептик, но претпоставувам дека на новиот министер за здравство, по денот кога ќе биде избран, веќе утредента ќе му бидат извадени забите, фигуративно да се изразам, само ако се обиде да „грицне“ нечиј интерес. Но, ако има потпора од целата влада, од премиерот, за да може да прави нешто, тогаш секој може да си најде свое место. И приватните болници да заработат, но и да се исполни задачата за развивање на јавното здравство, затоа што таков треба да е нашиот систем, и така е и секаде во Европа.

ЦИВИЛ Медиа: Се гледате ли себеси како министер?

БЛАЖЕВСКИ: Не, не, не воопшто! Никогаш не би прифатил да бидам министер за здравство. За мене, болниот е светец. Еден мој професор од Белград, велеше дека кога кај нас како лекари, ќе дојде болен човек, треба прво да седнеме на неговото место, а тој на нашето, „за да видиме како изгледа од другата страна“. Јас не можам да бидам политичар. Не можам да ги лажам на пациентите, на пример, на жените во Шутка да им кажам „Вие немате гинеколог, ама не се секирајте, сите сте здрави, јас ви гарантирам“. Лесно доаѓам во конфликт со неправдата, и веројатно би бил министер три дена. Сигурно е дека или премиерот ќе ме исфрли на клоци, или јас ќе дадам оставка.

Интервјуто е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Цел на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Маја Ивановска

Фото: Биљана Јордановска

Tags: „Мој термин“БитолаДубаиЕлдорадоинтересијавно здравствоМакедонијанационална стратегијаприватни клиникирегионализацијаспецијализацииТетовоШтип
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ