• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Апелација го врати „27 април“ на повторно судење; Зеленски со благодарност за одбранбената поддршка; владата ги замрзнува цените на 11 видови овошје и зеленчук

April 3, 2023

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Апелација го врати „27 април“ на повторно судење; Зеленски со благодарност за одбранбената поддршка; владата ги замрзнува цените на 11 видови овошје и зеленчук

April 3, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Предметот „27 април“ вратен на повторно судење

Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите и ја укина првостепената пресуда за случајот Организатори на 27 Април од 26.07.2021 година и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Зеленски: Благодарност до Северна Македонија за одлуката за хеликоптерите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази благодарност до неколку земји за одбранбената поддршка што и ја даваат на Украина, меѓу кои и на Северна Македонија.

„Благодарност до Хрватска за уште еден пакет одбранбена поддршка. Благодарност до Северна Македонија за одлуката за хеликоптери. Благодарение на Словачка, Словенија“, изјави Зеленски во неговото обраќање до нацијата.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Полска го заврши трансферот на првите ловци МиГ-29 во Украина.

„Неколку МиГ-29 веќе и се испорачани на Украина, тие веќе и помагаат на Украина да ја одбрани земјата. Според моите информации, процесот на предавање на првата серија авиони е веќе завршен“, изјави Марчин Пжидач за радиото RMF24, пренесува Укринформ.

Под покровителство на Првата дама на Украина Олена Зеленска, во Националната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, денеска беше отворена „Украинската полица за книги“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕКОНОМИЈА Владата денеска ја донесе Одлуката со која се замрзнуваат цените на 11 видови овошје и зеленчук. Одлуката, со која се опфатени доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперот, гравот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимонот, ќе важи од 5 април до крајот на месецов.

СОБРАНИСКА СЕДНИЦА Собранието ја заврши расправата за Извештајот на ЕК, Маричиќ побара од опозицијата да се вклучи во решавање на проблемите.

УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ Фондацијата Заев со прва епизода од серијалот „Успешни приказни“ – д-р Наталија Цоклеска Шунтов, детски хирург.

ИЗБОРИ

Сет препораки на ЦИВИЛ за надминување на изборните нерегуларности

Во пресрет на најавената работна група за измени и дополнувања на Изборниот законик, која би почнала со работа, оној момент кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се одважи да именува член или претседател на групата, според понудата од Министерството за правда, ЦИВИЛ нуди низа препораки.

РЕГИОН

Избори во Бугарија

Според 95,89 отсто обработени податоци на Централната изборна комисија (ЦИК) на Бугарија за ГЕРБ-СДС гласале 26,51 отсто од граѓаните (642.032 гласа). Додека коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија освои 24,90 проценти од гласовите (603.154 гласа), а за Преродба освои 14,38 отсто (348.252 гласа).

Претседателски избори во Црна Гора

Јаков Милатовиќ победи на претседателските избори во Црна Гора, освојувајќи околу 60 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат и актуелен претседател Мило Ѓукановиќ освои околу 40 отсто, објави ЦЕМИ врз основа на над 80 отсто преброени гласови.

АЛ-ПРЕС

Воочи судењето на поранешните лидери на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, вчера во Приштина илјадници луѓе маршираа во знак на поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, а денеска Албанци од дијаспората маршираат во Хаг под истото мото. Во Хаг денеска започна судењето на Тачи, Весели, Селими и Красниќи, кои се обвинети за заеднички злосторнички потфат, како што се убиства, тортура и сурово постапување во периодот 1998-99 година.

Ова е дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од темите во албанските медиуми во регионот.

АНАЛИЗА

Њузвик ја разобличи руската дезинформација за наводно уништување на „Командниот центар на НАТО“ во Украина

Во голем број објави на проруските медиумски канали, кои се однесуваат на ударот на ракетата Кинжал врз Командниот центар на НАТО во Украина за наводните  последици од ударот на ракетата користена е фотографија надвор од контекст. Сликата всушност е снимена од видеото од руски ракетен напад на селото Ал-Хамран, источно од Алепо во Сирија во март 2021 година, што дополнително ја поткопува вистинитоста на ова тврдење.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Творецот на рецептот и нарачателот на овој македонски медиумски специјалитет е (навидум) непознат. Главниот готвач се менува, во зависност од тоа каква гозба се подготвува. Да се биде  најдобар главен готвач на Македонската медиумска чорба од немиен кромид очигледно е главен Фактор во фелата.“, пишува Драган Мишев во колумната „ Македонска медиумска чорба од немиен кромид“.

„Во Македонија кај сите партии е изразена автократијата овозможена од недемократските партиски акти – Статути, правилници… но и од вообичаената пракса партиските војници самите да ја стимулираат таа автократија.“, извадок од колумната „Кругови“, од авторот Војо Маневски.

„Но, како што обично бива кај нас, и покрај искрената и безрезервна солидарност, остана горчливиот вкус од насловите и содржините на одредени медиуми, поточно на порталот „Pa Censure“ („Без цензура“), каде читателите, во потрага по информации за случајот, имаа можност да прочитаат текст со многу интимни (дез) информации за двете девојки, со предрасуди, клевети и  информирање надвор од секаква човечка етика и, конечно надвор од новинарската етика.“, пишува Дијана Тахири во колумната „Децата на тенката линија меѓу солидарноста и стигматизацијата вомедиумите и општеството“.

Д. Тахири

Tags: ДневникЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ