• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Декларација од Атина за проширување на ЕУ со Западен Балкан, Украина и Молдавија, за Агелер безбедноста на државата лежи во евроинтеграциите, ЦИВИЛ со осуда за нападите врз медиумските работници

August 22, 2023
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Декларација од Атина за проширување на ЕУ со Западен Балкан, Украина и Молдавија, за Агелер безбедноста на државата лежи во евроинтеграциите, ЦИВИЛ со осуда за нападите врз медиумските работници

August 22, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

На неформалниот состанок на лидерите на Европската унија со претставниците на земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија, беше заклучено дека е неопходно да се заокружи визијата за ЕУ ​​збогатена од Западен Балкан, Украина и Молдавија. Во Заедничката декларација се наведува дека на неформалниот состанок во Атина била подвлечена потребата од обновен и рефокусиран процес на проширување што е опиплив и веродостоен, без кратенки до воспоставените услови.

На неформалниот состанок во Атина, на покана на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, учествуваше и претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, премиерот на Косово Албин Курти, премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, претседателот на Украина Володимир Зеленски, претседател на Молдавија Маја Санду и премиерот на Романија Јон-Марсел Колаку. Присутни беа и претседателот на Европскиот совет и претседателот на Европската комисија Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Навистина сметам дека не е мое да зборувам за тоа како тече процесот на уставните измени. Јас сум амбасадор на САД. Ние не сме дел од Европската Унија, но кога ја гледам границата и големиот број возила кои влегуваат и излегуваат, сметам дека просперитетот и безбедноста на оваа држава е во нејзиното пристапување и интеграција во Европа и навистина се надевам дека политичарите од сите политички партии во земјава ќе работат кон остварување на тоа. Границата со Грција не потсетува на тешките одлуки што оваа земја веќе ги направи, и знам дека и ова е тешко, но ги охрабрувам граѓаните да им дадат до знаење на нивните политичари дека тие сакаат да бидат дел од ЕУ“, изјави Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, по денешната посета на Граничниот премин „Богородица”,

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Писмо со висока доверливост од началникот на Генералштабот на руската армија, Валериј Герасимов, откри сериозна загриженост за можен целосен бунт на чело со елитните Воздухопловни трупи (ВДВ) против владата на Владимир Путин.

*

Во рамки на посетета на Атина, премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски на која ја нагласи континуираната и силна македонска поддршка на Украина во напорите за одбрана на земјата и враќање на слободата и мирот, а со тоа и стабилноста во регионот.

*

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска соопшти дека имал добар и отворен разговор во Атина со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за сите важни прашања, како за Србија и Украина, така и за целиот регион и светот.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ: Проширувањето на ЕУ со државите од Западен Балкан е врвен безбедносен интерес за ЕУ, потенцираше министерот за надворешни работи Бујар Османи во денешното обраќање на летната академија “Quo vadis Europa?”, во Сантандер, Шпанија, организирана од страна на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Борел и Меѓународниот универзитет Менендез Пелајо.

ОБРАЗОВАНИЕ Завршуваат реконструктивните активности во 56 училишни објекти кои се дел од акцискиот план на Министерството за образование и наука за унапредување на условите за следење настава и за работа, за оваа календарска година. Дел од учениците ќе ја започнат новата учебна година во нови кабиенти, тоалети, училници.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА Во Авганистан во моментов нема жени кои играат фудбал. Ниту на теренот, ниту на светската ранг-листа на ФИФА. Од март 2022 година, Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ја наведува женската селекција под клучниот збор „Авганистан“: „повеќе не е на списокот“.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ: Нападите врз медиумските работници се напад врз слободата на говорот и човековите права во целост!

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи, најостро го осудува насилството во секоја форма. Нападите врз медиумските екипи е крајно неприфатливо и заслужува секаква осуда и остра законска санкција.

Нападот врз новинарските екипи е кривично дело, па така и последниот напад врз снимателот на ТВ Алсат-М претставува грубо кршење на Кривичниот закон. ЦИВИЛ ја поздравува брзата реакција на институциите и бара да му се даде максимална казна на насилникот, како и осуда од јавноста.

На снимателот и колегиумот на ТВ Алсат-М му изразуваме целосна поддршка и солидарност, се вели во соопштението на ЦИВИЛ.

ПО ДОПРЕН ГЛАС

Не, не власта, и таа не е баш цвеќе за мирисање но, овојпат, делегитимирана е опозицијата и тоа, кажано во една реченица и со потенцирање на само два, три сосема јасни и непобитни факти е дека, со својата собраниска гласачка машина, токму ВМРО-ДПМНЕ е факторот кој во овој актуелен политички миг земјава, прво, ја држи вкотвена во сопствениот децениски институционално нефункционален и партиски коруптивен амбиент… “, вели, ПО ДОПРЕН ГЛАС, Зоран Иванов во „Овојпат не власта туку делегитимирана е опозицијата“.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: АгелерДекларацијаЕУинтеграцииЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ