• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Џафери ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ; Спасовски гарантира дека промената на личните документи се спроведува во интерес на граѓаните; засилени санкции против Русија

August 21, 2023

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Џафери ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ; Спасовски гарантира дека промената на личните документи се спроведува во интерес на граѓаните; засилени санкции против Русија

August 21, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на прес-конференција ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека постапил неделовнички кога го одложил гласањето за потребата за уставни измени по исцрпувањето на листата на говорници на пленарната седница на 18 август. Џафери кажа дека постапил врз основа на членот 81 од Деловникот, но дека врз основа на политичка проценка е донесена одлуката седницата да биде прекината по последниот говорник.

За тоа кои се околностите поради кои е прекината седницата кога во салата имало стотина пратеници, Џафери рече дека се од политичка природа и дека за нив биле разменети мислења на координација.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Во ниту еден случај нема да стане збор за казнување на граѓаните, тоа нема да го направиме, ниту пак да трпат во остварувањето на своите права. Во континуитет, како ќе се одвиваат состојбите, такви одлуки ќе носиме, но, одлуките секогаш ќе бидат во интерес на граѓаните. Наредниве денови имаме одредени предлози кои што ќе помогнат во релаксирање на целиот тој систем, ако погледнеме, до скоро, околу еден милион граѓани ги смениле своите документи. Значи динамиката е добра“, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во врска со обврската на граѓаните до февруари 2024 година ги сменат сите лични документи со Република Македонија, во Северна Македонија.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Обвинителите во Софија ги разгледуваат субверзивните активности на Бугарите Орлин Русев, Бисер Џамбазов и Катрин Иванова, приведени во Лондон и Норфолк под сомнение за шпионажа во корист на Русија.

*

Западните санкции против Русија се построги од кога и да било, а нивното влијание јасно се гледа во трговските бројки. Рубљата на почетокот на август го забележа најголемиот пад во однос на доларот, додека приходите од енергијата значително опаднаа, а трговскиот суфицит забележа пад од 68,4%, што ги намали бројките на тековната сметка.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗДРАВСТВО Министерот за здравство Фатмир Меџити тврди дека додека не се расчисти целиот случај, нема да биде исплатен ниту денар за трите модуларни амбуланти во склоп на Здравствениот дом Скопје, а доколку има вакво нешто, како што вели, ќе си поднесе оставка.

СТАТИСТИКА Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни годинава изнесува 36.527 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 14,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

ПРОМОЦИЈА Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на настанот на кој што се презентираше публикацијата „Жените и мажите во Северна Македонија”. Публикацијата е издадена во рамки на проектот „Gender Equality Facility – Советодавни услуги за вклучување на родовата перспектива за администрацијата на Северна Македонија на централно ниво”.

ПРОПАГАНДА

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил сподели вест со наслов: „ЛЕНТИТЕ ЗА МЕРЕЊЕ НА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА „ПАТУВААТ“ КОН МАКЕДОНИЈА: Меџити – Решаваме наследени проблеми, ова е резултат на неработењето на Беким Сали“, пришто постави прашање – А од кого се наследени проблемите? Од Имер Селмани? Бујар Османи? Арбен Таравари? Беким Сали?

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ

Сите „Да“ на ВМРО-ДПМ(НЕ)

ВМРО-ДПМНЕ го опструира речиси секој побитен државнички пат, односно не го поддржуваа Преспанскиот договор, го бојкотираа референдумот за промена на името, не се израдуваа за членството на државата во НАТО, собираа потписи со цел поништување на Законот за попис, организираа протести под мотото „Ултиматум – НЕ, благодарам!“ против францускиот предлог…

СЛОБОДНА ЗОНА

„Мицкоски преку денешното интервју упати пораки со кои како да сака да го условува целото општество дека прво требало да му се дадат избори, за тој потоа да го соопштел наводното решение за македонско-бугарските односи. Тој вели: „Ќе понудиме патриотско, компаративно гледано, крајно исправно решение кое ќе ги зачува, заштити и унапреди интересите на Македонија. Но, за да го направиме тоа потребни се ПРВО избори.“ Или, во превод, дајте ми власт, па ќе ви кажам што ќе правиме.

Бре мајката!?

Мицкоски нема план за МК во ЕУ. Да имаше, ќе го соопштеше. Но дали денес Мицкоски, можеби за прв пат открива дека тој подготвува некој друг, таен план за или – подобро кажано – против државата?“, пишува Марјан Забрчанец во „Тајниот план на Мицкоски не може во исто време да биде и анти-европски и македонски“.

За уставните измени пишува и Тони Поповски во колумната „Во име и согласно со волјата на народот’. 

За Ивица Боцевски и неговиот став „како ќе ја спаси државата од Заев“, пишува Ненад Јовановиќ во колумната „Бладањата за „националната приказна“ на Боцевски И.“

Подготви: Б. Јордановска

Tags: ДневникПрепскански договорпропагандауставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ