• Latest
Јордан Камчев пред Кривичен суд

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Северна Македонија дел од „Дигитална Европа“; неосновано однесување на опозицијата кон уставните измени; досие Камчев, бизнис империја во Русија

July 24, 2023

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Северна Македонија дел од „Дигитална Европа“; неосновано однесување на опозицијата кон уставните измени; досие Камчев, бизнис империја во Русија

July 24, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Јордан Камчев пред Кривичен суд

Јордан Камчев пред Кривичен суд

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир, денеска во Скопје го потпишаа Договорот меѓу Европска Унија и Северна Македонија за учество на нашата земја во програмата „Дигитална Европа“. Во рамките на регулаторниот дијалог со Западен Балкан, на 30 јуни 2023 година, Европската комисија потпиша Договор за асоцијација за Програмата „Дигитална Европа“ – со Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Србија.

Бизнисите, јавната администрација и организации од овие земји ќе имаат пристап до фондот од 7,5 милијарди евра за периодот 2021-2027 година.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Цаца Николовска: Неосновано е однесувањето на опозицијата кон уставните измени

„Состојбата во која во моментов се наоѓа Северна Македонија во однос на уставните измени е однос меѓу државава и Европската Унија, а не Бугарија. Значи, странки во овој процес се Република Северна Македонија и Европската Унија. Однесувањето на опозицијата за целокупното негирање на потребата од уставните измени само со оправдување дека станува збор за бугарски диктат или притисок имајќи предвид на укажаниот однос на нашата држава и ЕУ, е сосема неоснован“, вели во интервју за МИА, претседателката на работната група за уставни измени, Маргарита Цаца Николовска.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Поранешниот американски претседател Ричард Никсон уште во 1994 година, еден месец пред да почине, го предупредил тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон преку писмо дека доколку има конфликт во Украина, војната во Босна и Херцеговина ќе изгледа како „забава во градина“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРОМЕНИ Генералниот совет на ДУИ вчера на предлог од претседателот на партијата Али Ахмети го избра Бујар Османи за потпретседател на ДУИ.

УСТАВ Премиерот Ковачевски ќе го образложи предлогот за уставни измени пред пратениците на собраниската Комисија за уставни прашања на утрешната собраниска седница.

ЕКОНОМИЈА Владата потпиша договор со „Сивус“ за финансиска поддршка на инвестициски проект за периодот 2018-2022 година

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми: Приштинскиот универзитет ќе отвори курсеви по ромски јазик; 17 години од „средбата на слоновите“;„ПризренФест“ отворен со приказна од Украина

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Стара „изјава“ на Османи за македонскиот јазик спакувана како нова за ширење на говор на омраза

Повеќе: https://tinyurl.com/4k43h2hw

АНАЛИЗИ

ДОСИЕ КАМЧЕВ: За една година – под истрага од СЈО, притвор и приведувања – ја премина границата дури 80 пати и градеше бизнис империја во Русија

Во ноември 2018 година, експремиерот Груевски побегна во Будимпешта, а СЈО ги приведе Камчев, Мијалков и другите „бизнис светци“ пред истражен судија. Истиот не дозволи да го замени притворот на Камчев со други форми на обезбедување, имајќи го во предвид гостопримството што тој би го имал во Бугарија, а сè поизвесно и во Русија.

ДОСИЕ: Заканите и можните последици од руската нуклеарна уцена во атомската централа Запорижја

Анализа на  Серхија Кацуба, одбранбено аташе на Украина во Република Северна Македониja, во која се зборува за потенцијалните опасности што можат да доведат до катастрофа во централата Запорожја.

Повеќе: https://tinyurl.com/yjc3f5hv

СЛОБОДНА ЗОНА

„И, сосема неочекувано, само еден ден по ваквите изјави на Агелер, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ решија да учествуваат во дебатата за Предлогот за уставни измени на собраниската Комисија за уставни прашања што претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за вторник, 25 јули во 10 часот, на истата онаа дебата за која предходно претседател ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неколкуте членови во врхушката на партијата, објавија дека нема намера да учествува во собраниската дебата, која ја оценија за беспредметна и дека се тоа нивни јасни позиции, од кои нема поместување. А жешкото лето тукушто започна“, пишува Драган Мишев во „Агелер го одврза јазолот, клопчето почнува да се одмотува“

За Илинден и бугарско – макеоднските работи пишува Љубиша Николовски во „Декларации за Илинден за домашна употреба“.  За уставните измени и потенцијалното „НЕ“ на опозицијата пишува Тони Поповски во „Политичките екстерналии на историското „НЕ“. Но истата тема за уставните измени, но од поинаков аспект пишува и Војо Маневски во „Страв од летање“.

 Б. Јордановска

 

 

Tags: анализиДигитална ЕвропаДневникОрце КамчевУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ