• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Уставните измени да не бидат предмет на дневно политички поени, влегувањето на Бугарите во Уставот нема да ги намали правата на другите, според Треневска легитимно е правото на протест, но и кажување на вистината за законите што ги спори МПЦ-ОА

June 29, 2023
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Уставните измени да не бидат предмет на дневно политички поени, влегувањето на Бугарите во Уставот нема да ги намали правата на другите, според Треневска легитимно е правото на протест, но и кажување на вистината за законите што ги спори МПЦ-ОА

June 29, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Дали се лажни или реални стравувањата за внесување на Бугарите во Уставот, опасностите поради партиски хирови Северна Македонија да ги запре преговорите со Унијата, дека на земјава и престои изолација доколку во ноември не ги исполни условите за одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ и не отпочне со отворање на тематските интегративни кластери, се прашања кои се наметнуваат од моментот кога се отвори прашањето за уставни измени како еден условите за продолжување на евроинтеграцискиот процес на земјата.

Токму на овие аспекти од прашањето за уставни измени ЦИВИЛ денеска организираше дебата „Уставни измени-Исток или Запад“. Учесници на панелот беа Ерол Ризаов, уредник во Независен.мк, Мирослав Јовановиќ, медиа директор и главен уредник на Слободен Печат и Зоран Иванов, уредник. Панелот го водеше новинарот Љубиша Николовски. Заедничкиот заклучок  од дебата е дека внесувањето на Бугарите и други етнички заедници во Уставот нема да ги намали правата на другите.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Гласањето на уставните измени не треба да бидат предмет на дневно политичка дебата и тема на којашто се добиваат дневни политички поени, од избори до избори, туку тоа да бидат предмет на општествен консензус, бидејќи со нив се обезбедува побрза интеграција на државата и на ЕУ и пред се подобар животен стандард за граѓаните. Тоа е одлука што треба да се донесе до завршување на скринингот со цел процесот да не застане и да може Северна Македонија непречено да ги продолжи отворањата на поглавјата и реформите што ќе следуваат, за што повторно ќе бидат потребни две третини во Собранието во делот на реформата на правосудството, јавната администрација, медиумите. Се се тоа закони што се менуваат со две третини мнозинство. Затоа велам дека овој тип на гласање и реформи не треба да бидат дел од дневно политичка дебата“, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Во фокусот на вниманието во главниот град на Украина, помеѓу руските ракетни напади и извештаите за напредокот на украинската контраованзива. сеуште е и бунтот на Вагнер групата, предводен од нејзиниот лидер Евгениј Пригожин и последиците од овој чин врз Путин и водењето на војната во Украина.

*

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужњи во телефонски разговор со претседателот на Здружениот генералштаб на САД, генерал Марк Мили рече дека украинските сили успеале да ја преземат стратешката иницијатива на бојното поле.

ФЛЕШ ВЕСТИ

РЕЗУЛТАТИ Заедничката мисија на Фронтекс и македонските погранични власти дава резултати, за 25% е намален бројот на мигранти во првите 5 месеци од годината во споредба со истиот период лани.

СОРАБОТКА Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска имаше средба со државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ејвинд Вад Петерсон, норвешкиот амбасадор Јорн Гјелштад и одбранбеното аташе на Норвешка, полковник Даг Магне Лунде, соопштија од Министерството за одбрана.

ОТВОРЕН БАЛКАН Системот за заедничка електронска наплата на патарина со примена на еден „таг“ при патување во државава и во Србија ги помина успешно сите тестирања, подготвен е за употреба и е функционален.

РОДОВА ЕДНАКВОСТ Законот за родова еднаквост ја унапредува положбата на жените во сите сфери на општественото живеење и што треба да направи државата за да ја унапреди положбата на жените во општеството, а Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, изјави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

AL -PRESS

Редакциски избор од албански медиуми: Повторно експлозии на северот на Косово; протести во Белград против Вучиќ и Албанците; албанската полиција се враќа кај кампот на муџахедините.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: Дневникродова еднаквостуставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ