• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: ВМРО-ДПМНЕ пишман, сепак ќе учествува во дебатата за уставни измени; ослободени од партиципација и лицата со попреченост над 26 години; просечната нето плата во мај повисока за 16,1 отсто во однос на ланската

July 21, 2023

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: ВМРО-ДПМНЕ пишман, сепак ќе учествува во дебатата за уставни измени; ослободени од партиципација и лицата со попреченост над 26 години; просечната нето плата во мај повисока за 16,1 отсто во однос на ланската

July 21, 2023 16:58
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ВМРО-ДПМНЕ се премисли, ќе учествува во собраниската дебата за уставни измени

Откако предходно ВМРО-ДПМНЕ објави дека нема намера да учествува во собраниската дебата, како што ја нарече, лицитациите на Ковачевски, Османи и Груби, и дека се тоа нивните јасни позиции, од кои нема поместување, денеска следува промена на ставот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„На овој начин, го олеснуваме пристапот до лекарски услуги на лицата со попреченост кои повеќе нема да треба да плаќаат партиципација за услугите што ги добиваат. Ова, освен во делот на лекување, позитивно ќе влијае и на превентивата и на редовните лекарски прегледи на лицата со попреченост“, вели Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

За време на целосната руска инвазија на Украина, 63 новинари беа убиени во воени операции или како резултат на руско гранатирање или тортура.

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРОСЕЧНА ПЛАТАПросечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 36.465 денари и таа е повисока за 16,1 отсто во однос на истиот месец минатата година. Зголемувањето е за 5.058 денари.

ПРАТЕНИЧКА ГРУПА Пратеникот и координатор на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми, денеска изјави дека формално тие уште имаат 15 пратеници бидејќи Иџет Меџити и Мерита Коџаџику се уште не најавиле дека заминуваат од оваа пратеничка група.

ТУРИСТИЧКИ СЕКТОР Туристичкиот сектор е вратен на нивото од 2019 година и постигнува уште подобри резултати. Тоа го покажуваат најновите податоци, за јуни и јули

АЛ-ПРЕС

По околу 17 часа расправа и тензии, албанскиот парламент  го одобри законот за „контрола на одгледувањето и преработката на растението канабис, за медицински потреби. Се очекува Турција да ја преземе командата со мировните сили предводени од НАТО во Косово …ова се дел од темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ

Јули најверојатно ќе биде најтоплиот месец на Земјата во последните стотици, ако не и илјадници години,

АНАЛИЗИ

Додека навидум сменетата власт сѐ уште си ги чува своите „придобивки“ по широк опус на оценки од минатото, новата очевидно е збунета од потребата да биде поинаква во тие вреднувања. Впрочем, затоа и се соочуваме со фактот: постои иницијатива, а дури и одлука статуата на Ќосето да се врати пред зградите на судските институции, додека секое споменување на името на книжевниот бард Јаневски предизвикува некој вид на бојкот, по било кој повод, анализира Љубомир Костовски во „Лустрацијата и по неа: Зошто Славко Јаневски нема улица?“

*

Другата опција е „Фронтот за Европа“ да се натпреварува на избори без СДСМ за да се зачува „интересот“, како што велат партиски извори, на оваа партија наспроти екстремната десница, кај македонското гласачко тело, а во неа да се вклучат ДУИ, Алијанса, ЛДП, НСДП.., и граѓанскиот сектор., пишува Дестан Јонузи во анализата „Поделбите во политички блок на Албанците одат на штета на граѓаните и на евроинтеграциите!“

 

БРЗА ПОШТА

Али 102 године се Црногорци јуначки борили са аветињама Јапанцима, док се нијесу помирили.
Што ти значи техникалија. Како „војната“ помеѓу ЈО и ДКСК, пишува Дијана Тахири во „Војната“ помеѓу ЈО и ДКСК како црногорските јунаци против јапонските „аветињи“

СЛОБОДНА ЗОНА

Со песната „Не плачи мајко не жали, ако загинам за Македонија“… присутните граѓани ги полнеа батериите со патриотизам, чиниш ќе тргнат во поход да го освојуваат Солун, а не дека дошле на благороден протест против отварање на рудник за злато и бакар во Иловица, стумичко. Пред официјалните излагања, присутните во еден глас ја испеаja химната „Македонците се борат за своите правдини…“ и веднаш по химната следуваше воведно обраќање во кое беа поздравени Македонците и Македонките, (следува громогласен аплауз). Продолжува, „под ова врело македонско сонце дојдовте во голем број да го искажете својот револт кон срамната одлука на Владата“, (скандирање УАА)., пишува Дехран Муратов во колумната „Од Иловица до Солунa“

*

Отсекогаш сум имал убедување дека тој што си ја краде куќата е најлошиот вид на предавник. Тоа е како едно семејство кое се обидува да опстане со чесна работа, кое ги плаќа сметките, се обидува да ги образува децата. Како да кажам, постигнале некаков консензус во тесното семејството за некои работи кои се столбот на доследноста да се оди напред. Ова семејство верува во бавниот, но сигурниот процес на успех, пишува Назми Абдурахмани во „Корупцијата е предавство на народот и на земјата!“

*

Декартовото „Мислам, значи постојам“ не ги исклучува од постоење луѓето кои не мислат, туку само остава простор за прашањето како успеваат да постојат и покрај немислењето. Одговорот е во социјалната динамика – покрај нив има луѓе коишто мислат. Немислењето е штедење лична енергија, а критичкото мислење е најскапата работа на светот за една личност, па затоа, во едно општество се наоѓаат многу повеќе немислачи, пишува Емилија Целакоска во колумната „Во името на бугарскиот диктат, бугарскиот диктат и светиот бугарски диктат, амин“

Д. Мишев

Tags: анализиВестиизјавиколумни
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ