• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Закани кон директорот на АВМУ, ставот на Мицкоски е ригиден и неполитички, започнува макрофинансиската помош од ЕУ

July 17, 2023
Газа. Фото: Х

Палестинската управа го поддржа планот на ОН за Газа

November 18, 2025

Cloudflare „падна“ – Time.mk и бројни сајтови недостапни поради технички проблеми

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025
Марта Кос(Фотографија: Википедиа)

Кос: Време е за проширување на проширувањето – Европа нема време за губење

November 18, 2025

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Закани кон директорот на АВМУ, ставот на Мицкоски е ригиден и неполитички, започнува макрофинансиската помош од ЕУ

July 17, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Закани кон директорот на АВМУ поради одбиено барање за одземање дозвола на ТВ Алсат М

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја известува јавноста дека на 13 јули, од страна на непознато лице, на мобилниот телефон на директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски, се упатени пораки со заканувачка содржина.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Значи дури војни кога има на крај седнуваат на маса и се договараат, да не зборуваме во нормални политички ситуации, секогаш треба да има комуникација меѓу чинителите, главните политички чинители, односно политичките партии и таа комуникација треба да се одржува и тој став дека не комуницирам со партии од владејачкото мнозинство е мислам дека не е ни логично, ни конструктивно“, изјави Арбен Таравари. во интервјуто за Цивил Медиа.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Одлуката на ЕУ за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија во износ до 100 милиони евра за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина, стапи во сила, откако денеска официјално е објавена во Службениот весник на Европската Унија.

КОНЦЕСИИ Владата утре на седница ќе ја преиспитува одлуката за спојувањето на концесиите за рудникот во Иловица и ќе разгледа поопширна информација од министерот за економија Крешник Бектеши и вработените во Министерството за економија надлежни за доделување на концесиите, најави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

СКРИНИНГ Според скрининг агендата, почнувајќи од денес па сè до 20-ти јули, во Брисел, македонската делегација, заедно со албанската, ќе го следи објаснувачкиот скрининг за Кластер 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија”.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА На 10. и 11. јули во Уставниот суд се одржа дводневна работилница за стручната служба на тема „Забраната за дискриминација во судската пракса на Европскиот суд за човекови права”.

БЕЗБЕДНОСТ Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал (ГИ-ТОК) објави нова публикација за влијанието на војната во Украина врз пазарите на дрога во Југоисточна Европа. Автор на оваа публикација е аналитичарот Ругеро Скатуро.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Фокусот на руската пропаганда сé уште е насочен на Самитот на НАТО во Вилнус во обид да ја поткопа поддршката која земјите – членки на Алијансата и ја дадоа на Украина. Каналите на Z-Телеграм и ботови на Твитер споделуваат лажна насловната страна на германскиот деловен дневен весник Handelsblatt, на која е прикажана карикатура на претседателот на Украина Володимир Зеленски кому не му е дозволено да влезе во НАТО

АЛ-ПРЕС

Во Тирана денеска ќе се  одржи неформална средба помеѓу лидерите на земјите од Западен Балкан, во пресрет на Самитот на Берлински процес. На средбата нема да учествува косовскиот премиер Албин Курти, поради присуство на конференција во Крит, а на неговиот супститут за средбата,  вицепремиерот Бесник Бислими, му е одбиено учеството поради несоодветно ниво на позиција. Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

БРЗА ПОШТА

Јавниот градски превоз во „престолнината“ на Северна Македонија, во Скопје де, на корисниците им  дава неколку можности за менување на здравствената состојба, во зависност од индивидуалните состојби, пишува Дијана Тахири во „ЈСП – шлог машини!“

СЛОБОДНА ЗОНА

Сите плусови и минуси во овој текст се теми заслужуваат и посебни, уште подлабоки и фокусирани анализи. Ова се само кратки поенти (takeaways) од самитот на НАТО во Вилнус кој генсекот на НАТО, Јенс Столтенберг, амбициозно го оцени дека станал историски, пред и да почне,  пишува Џабир Дерала во анализата „ Плусови и минуси за самитот на НАТО во Вилнус: Историски одлуки, единство, решителност и дипломатско искричење“

*

Она што како констатација и мнозинско мислење е дека овој модел на избирање на пратеници не ги дава очекуваните резултати. На политички план се искристализираа политички партии кои горе-доле функционираат како  политички организации без подоследна идеолошка или програмска основа, а се структуирани како приватни компании. Внатрешната демократија ѐ или формализирана или се практикува како постојана кулоарска борба на разни внатерепартиски групации и интереси, пишува Војо Маневски во колумната „ Изборни моделирања“

Д. Мишев

Tags: АЛ-ПРЕСанализиВестидезинформацииизјавиколумниполитика
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ