• Latest
Фотомонтажа; Драган Мишев / ЦивилМедиа

Дезинформациите и манипулациите во македонските медиуми не стивнуваат, на мета безбедноста на граѓаните

November 13, 2023

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дезинформациите и манипулациите во македонските медиуми не стивнуваат, на мета безбедноста на граѓаните

November 13, 2023 15:09
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фотомонтажа; Драган Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа; Драган Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Една од главните забелешка во Извештајот на Европската комисија за напредок на Северна Македонија во 2023 година се однесува на заканите од дезинформаци, хибридните напади и странско влијание во македонскиот медиумски простор. Комисијата констатира дека сегашните мерки за борба против дезинформации не се многу ефикасни. и треба да се подобри разбирањето на јавноста за ризиците од дезинформации, како и вештините за медиумска писменост во општеството.

Понатаму, во Извештајот се нотира „пораст на закани од дезинформации“, особено во делот на онлајн медиумите, и забележува отсуство на конкретен закон за регулација на онлајн медиумите и дека има промена на пазарот за дигитално за рекламирање, со растечки закани од дезинформации, прекршување на интелектуалните права и недостаток на транспарентност во однос на платеното политичко рекламирање. Одредени онлајн медиуми се предмет на влијание од политички фигури…

Меѓу останатите препораки, од Европската комисија препорачуваат дека во наредната година треба да се вложат дополнителни напори за затворање на просторот за странско мешање и манипулација со информации, вклучително и дезинформации, и да преземе активности за градење општествена отпорност против тие и други форми на хибридни закани.

Мониторинг тимот на Цивил, кој константно ги следи и постојано води борба со дезинформациите, странските влијанија и пропагандата во македонскиот медиумски простор, изминатиот период успеа да препознае и разобличи голем број на лажни објави, пропагандни наративи, манипулативни содржини, дезинформации кои во континуитет се пласираа на македонските медиуми и на социјалните мрежи.

Така и со вчерашното последно пласирање на манипулативната содржина и која во себе содржеше и дезинформација, стара вест за претепување на рaботник на Техномаркет беше сензационалистички, поткрепена со видео од настанот, објавена на повеќе македонски медиуми како нова.

Иако нападот се случил пред повеќе од месец и половина, петнаесетина медиуми, меѓу кои и интернет изданијата на неколку македонски телевизии со национална концесија, но и неколку етаблирани интернет портали, ја пренесоа веста со видеото од тепачката, преземена од објава на „Курир“ со наслов „Напаѓачи од скопски Сарај претепуваат вработен на Техномаркет среде Скопје“, со тврдење дека станува збор за денешен настан.

Министерството за внатрешни работи набрзо излезе со соопштение до јавноста дека станува збор за настан од месец септември, кој е целосно расчистен и насилниците се приведени, и апелираа да не се шират лажни вести кои имаат за цел да ги вознемират граѓаните.

Соопштението го пренесоа и медиумите кои предходно ја пренесоа дезинформацијата, но без да признаат вина, тука како истото да им се случило на некои други портали, а не на нив самите, па во текстот кои го пренесуваат само како техничко соопштение стои:

 „Во врска со видео материјалот кој е објавен вечерва на неколку портали, со тврдење дека станува збор за денешен настан, Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека станува збор за настан од месец септември, кој е целосно расчистен и насилниците се приведени.“

Ова секако не е прв пат вакви дезинформации да се шират оркестрирано.

Предходно, на почетокот на ноември, како што забележа мониторинг тимот на Цивил, неколку македонски портали, со „ексклузивни“, „експлозивни“ наслови, како „Гевгеличанец со пиштол се обидел да убие извршител и адвокат“, „Обид за убиство на адвокат и извршител ја потресе Македонија!“, „ИМ ВПЕРИЛ ПИШТОЛ: Гевгеличанец се обидел да убие адвокат и извршител со кои се сретнал за да договори како да го исплати долгот“, стара вест од пред 3 години пренесоа како нова. Дури цитираа и соопштение од Обвинителство дека тој се борел со адвокатот, а откако му ветил дека нема да го пријави, побегнал.

На 1 април годинава, наместо првоаприлска шега, повторно во истиот манир, оркестрирано, како по договор, на дел од македонските портали (како и сеприсутните телевизии со национална концесија, познати по својата „професионалност“ и „непристрасност“) се прошири веста за маскирани и вооружени напаѓачи кои обрабуваат филијала на банка во ТЦ Скопјанка во Аеродром. Се испостави дека веста е лажна, а е базирана на информација од цитател кој сликал полициско возило, паркирано пред филијалата на банката, но не поради грабеж во истата, тука полицајците застанале да си купат јадење од блиската пекара.

Се разбира, немаше ни извинување, ниту од телевизиите со национална концесија, ниту од електронските медиумите кои, сите по ред, по принцип на сврзани садови ја дезинформираа целокупната јавност. И секако, изостана реакцијата од надлежните институции и здруженија, како ЗНМ, ССНМ, МАН, СЕММ.

Со последователноста на ваквите случувања, добивме уште еден доказ дека кај нас со дезинформациите и манипулациите управува еден центар, а дека медиумите (вклучително и оние со национална фреквенција) се обичен и слеп извршител на нарачките.

Како поинаку да се протолкува фактот дека никој од овие медиуми, во сите посочени случаи, не се сети на професионалните обврски како новинар (во служба на вистинитото и точно информирање), и не навреме не ја провери вистинитоста на веста. А тоа можеа да се сторат лесно, требаше само да завртат на мобилните телефони на некој од портпаролите на МВР кои секогаш им стојат на располагање, или едноставно, со обично пребарување на Google да видат дека веста е објавена предходно.

Затоа, и не зачудува тоа што на овие медиуми, од кои поголемиот дел се меѓу најгласните критизери на Извештајот на ЕК, делот кој се однесува на заканите од дезинформаци, хибридните напади и странско влијание во македонските медиуми помина незабележително.

Драган Мишев

Tags: дезинформацииИзвештај на ЕКмакедонски медиумиМВР
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ